[Ossm-members] Re: naskoro Linux klub vo Bitola (dokolku pomognete) :)

Томислав Марковски tome at users.ossm.org.mk
Mon May 9 13:29:06 UTC 2005


Dean Josevski напиша:

>  Искрено не те разбирам, еве скоро една година како овде комуницираме
>  и навистина не знам за што ми зборуваш. ;(

Деан,

Доколку во листата со пораки, кликнеш на првата икона најгоре, или 
распоред на пораки во Нишки, ќе забележиш дека пораката која ја прати, а 
се однесува на тема „naskoro Linux klub vo Bitola (dokolku pomognete) 
:)“, се наоѓа во нишката „Pomos za Linux“. Тоа се случува ако кликнеш 
Reply (Одговори) на порака од истата тема. Мозила памти на која порака е 
напревено Reply и ја праќа таа информација во хедерот на порака. Другите 
читачи (според некои стандарди) се свесни за ова и правилно ги 
подредуваат пораките. Претпоставувам дека не користиш ваков поглед на 
пораките, затоа и не ти е јасно за што станува збор, но верувај 80% од 
членовите тука, така ги читаат пораките.

Поздрав

П.С. Извини ако објаснував како на почетник, сакам и другите да знаат 
што се случува.




More information about the Ossm-members mailing list