[Ossm-members] Re: Zaednichki rechnik (peglanje konflikti)
Angel Sarbakov
s-angel at engineer.com
Wed May 11 10:59:48 UTC 2005
некои предлози:
поими што се користат во телевизија (веќе одомаќинети кај нас)
hue - тон (на бојата)
brightness - светлота
saturation - заситеност
chromacy - нијанса
а сега некои други поими
account - сметка (се согласувам, има историско значење, а и бара помалку информации од досие; ни овозможува да користиме некакви услуги (како на пр. во банка)
authentication - проверување на автентичноста (ако веќе е усвоено за authenticating - проверка на автентичноста, не гледам зошто да не биде усвоено и ова), или проверување на веродостојноста (звучи помакедонски)(дека сум тој што велам дека сум)
authorization - овластување, ополномоштување (дека имам право на пристап кон нешто, право на користење на ресурси)
bind - сврзи (можеби е подобро, сврзување на повеќе работи, а и за да не се меша со conect-поврзи)
download-upload - симнување-качување (да има некоја врска меѓу нив, а и мислам дека веќе доста често се користи симнување за download (да симнам нешто од интернет)
desktop - работна површина (имаме дводимензионална слика, а не тридимензионален простор; а и на аглиски се мисли на површината на маса, се работи на масата)
--
___________________________________________________________
Sign-up for Ads Free at Mail.com
http://promo.mail.com/adsfreejump.htm
More information about the Ossm-members
mailing list