[Ossm-members] Re: Zaednichki rechnik (peglanje konflikti)
Зоран Димовски
decata at mt.net.mk
Thu May 12 01:54:32 UTC 2005
Angel Sarbakov wrote:
>некои предлози:
>
>
>
>поими што се користат во телевизија (веќе одомаќинети кај нас)
>
>hue - тон (на бојата)
>
>
вака се користи во преводите на Mandriva откако јас го преведувам (долку
го има, а го има многу малку)
>brightness - светлота
>
>
не се согласувам. Има многу добар македонски превод ова „светлота“ прв
пат го слушам. Сепак јас сум за „светлина“
>saturation - заситеност
>
>
отсекогаш е вака и овде нама никаква дискусија тоа е тоа нема друго
(сатурација е преземен додека „заситување“ е она правилното)
>chromacy - нијанса
>
>
за ова не знам ама добро е да се има на ум ќе проверам баш то и како.
>а сега некои други поими
>
>account - сметка (се согласувам, има историско значење, а и бара помалку информации од досие; ни овозможува да користиме некакви услуги (како на пр. во банка)
>
>
>
>
и јас сум за „сметка“ па сега ќе видеме.
>authentication - проверување на автентичноста (ако веќе е усвоено за authenticating - проверка на автентичноста, не гледам зошто да не биде усвоено и ова), или проверување на веродостојноста (звучи помакедонски)(дека сум тој што велам дека сум)
>
>
и ова мислам дека треба да се види. Правилно е вака
authenticate = проверка
authentication = проверување
>
>authorization - овластување, ополномоштување (дека имам право на пристап кон нешто, право на користење на ресурси)
>
>
>
ова е во ред. Значи сега за сега во преводите има „авторизација“ па
мислам дека за ова не е решено како ќе е нели? Треба да се разгледа.
>bind - сврзи (можеби е подобро, сврзување на повеќе работи, а и за да не се меша со conect-поврзи)
>
>
Ова е сосема точно, но секогаш е многу битен контекстот на реченицата и
каде е сместен bind. Многу од преводите се преведувани само тоа и тоа.
Не може така. Таков е Англискиот јазик (ГЛУП), секогаш има различно
значење во зависност каде стои зборот.
to bind = да се врзува - прикачува - надополнува (точно е и „сврзува“
ама пак ќе кажам контекстот е битен не може да пишуваш само еден превод)
to bond = да се приврзува
>
>download-upload - симнување-качување (да има некоја врска меѓу нив, а и мислам дека веќе доста често се користи симнување за download (да симнам нешто од интернет)
>
>
>
Конкретно ја во преводите на Mandriva вака преведувам
download = презема
upload = праќа
>desktop - работна површина (имаме дводимензионална слика, а не тридимензионален простор; а и на аглиски се мисли на површината на маса, се работи на масата)
>
>
>
>
Ова веќе вака се преведува.
Поздрав Зоки.
More information about the Ossm-members
mailing list