[Ossm-members] rabota so php5

Aleksandar Balalovski gssteam at on.net.mk
Fri May 13 18:27:45 UTC 2005


On Friday 13 May 2005 16:20, Ѓоре Захарчев wrote:
> From: "Vanco Nastov" <vanini at mt.net.mk>
>
> > На крај сите се слагаме.
> > Патем листава ја читам година и пол, и не ми е првпат да пуштам
> > пораки. Како и да точно е, наши човеци сме.
> >
> > Поздрав!
> >
> > Ванчо
>
> Така е бе Ване.
>
> Малку школо не е на одмет.

Нема ни цела година откако ми се случи една работа која ме научи да бидам 
поконзервативен во однос на тоа што пуштам на листава. Беше поврзана со 
вечното шегување на релација КДЕ-аши vs. ГНОМ-аши, и новата страна 
gnome-look.org каде (на шега) кажав дека ГНОМ пак го имитира КДЕ. Штета што 
не пишува никаде во бонтонот директно „НЕ ПИШУВАЈТЕ ГЛУПОСТИ“. Извинете 
доколку ги оквалификував постовите како глупост ама и сами знаете дека не се 
ништо повеќе од тоа. Луѓето културно бараат пхп програмер и други услови. Ако 
некој е нов на листата и згреши во праќањето и формата на пораката, 
едноставно пратете му/и' приватна порака, вака се губи темата на првичната 
порака од ... темата :)

Се надевам ги задоволив критериумите за граматичка точност и литературна 
строгост во _фабулата_ на мојата порака пратена преку електронска пошта на 
поштенската листа на „Слободен софтвер Македонија“.

Поздрав


More information about the Ossm-members mailing list