[Ossm-members] 10ти јуни, настан

Dean Josevski dean at integraeng.com.mk
Tue May 31 14:32:47 UTC 2005


Arangel Angov wrote:

> На 10 јуни ќе има некој настан на школка - музика, работилници за 
> цртање итн. Не поканија ако сакаме да ставиме една маса и столчиња и 
> да делиме памфлети и CD-иња со слободен софтвер. Ако има расположение 
> за да се собере некој денар и да се направи ова до 10ти ја мислам дека 
> е супер идеја.


Доколку сакате да се направи една акција за продажба на книгата „Во
светот на Linux“, а притоа сите да имаме по некоја корист, ја имам
следната идеја:

Книгата којашто има симболична малопродажна цена од 200 ден., Интегра
инженеринг би ја отстапила на Слободен софтвер и Лугола за 100 ден., а
малопродажната цена ќе се задржи на 200 ден. На тој начин со едната
половина од вредноста (100 ден.), Интегра инженеринг ќе си поврати дел
од инвестираните средства, а другата половината од цената (100 ден.) ќе
остане во Слободен софтвер и Лугола за натамошно користење.

Не би сакал да се фалам ;), но колку што знам оваа книга е прва и засега
единствена книга на македонски јазик за Linux и OpenOffice.org и ценам
дека може да помогне при запознавањето на луѓето со слободниот софтвер
воопшто.

Доколку цените дека една ваква акција може да биде интересна пишете, па
ќе се договориме за деталите.

-- 
Деан Јошевски

Интегра инженеринг - Битола

ул. Стреја Нахмијас 5 / 21
7000 Битола

тел.: 047 202 990
тел./факс: 047 202 995

www.integraeng.com.mk




More information about the Ossm-members mailing list