[Ossm-members] Re: Re: OpenOffice+Glossary=Prevedenost 36%, 19%(so help)
Bozidar Proevski
bobibobi at freemail.com.mk
Fri Sep 9 18:11:07 UTC 2005
On Friday 9 September 2005 13:55, Georgi Stanojevski wrote:
> Знаеш она кога одиш по ред, ќе сфатиш дека во моментов преведуваш
> Options диалогот и сите работи некако ќе ти бидат поврзни и ќе знаеш како
> да ги преведуваш. Мислам дека е така е полесно за преведување и
> поконзистетно.
Знаеш она кога ќе погледнеш горе десно има коментари кои укажуваат од каде е
дојден стрингот. Башка од тоа мој предлог е (т.е. јас така работам кога
преведувам) додека се прави преводот да се погледнува (по малку) и во
изворниот код. Така ќе се знае дали се преведува насловот на дијалогот,
некоја лабела или копче па во согласност со тоа и да се преведе (еднина,
множина, трето лице итн.)
> Ако се рипа од нејасно(фази) на нејасно(фази) се рипа од реченица
> на реченица кои има големи шанси да не се поврзани меѓу себе.
Да ама тука по-датотеките се поделени контекстуално па речениците се горе-долу
поврзани меѓу себе... Плус тоа никој не те спречува да се вратиш стринг-два
наназад или нанапред...
> Јас мислам дека не се добива во брзина на преведување, ако мораме да ги
> ревидираме преводите уште не почнати.
Ако за неколку часа се средат уште три-четири илјади стринга може и да се
добие на време...
> Но, бидејќи ти си одговорен твојот збор е последен. :)
Од кај јас?!?!
> п.с. Зашто mkde тимот сеуште не стигнал да го преведе KBabel? До маратонот
> има шанси тоа да се случи, без да ми кажете јас да си го преведам? :)
http://websvn.kde.org/home/kde/trunk/l10n/mk/messages/kdesdk/kbabel.po
Поздрав Боби
More information about the Ossm-members
mailing list