[Ossm-members] Уште информации
Aleksandar Balalovski
gemidjy at lugola.net
Mon Apr 10 01:57:33 UTC 2006
Вака, прво се извинувам што пак отворам нова нишка околу маратонот, но сакам
уште еднаш да потврдам и дефинирам некои работи.
Лугола во духот на нејзиното работење (а тоа е брзо и ефективно) го префрли
речникот на Глиша на Викито на Групата.
http://wiki.lugola.net/doku.php?id=маратон:речник
Разгледајте го и изменете, додадете или што знам што, некои зборови. Така
планираме да го користиме речникот при преводот за маратонот.
за маратонот, пак...
Официјално, ќе биде на 28/29/30 Април. Тоа е петок, сабота, недела. Ќе биде
одржан во простории на една невладина организација во Битола (Центар за
одржлив развој). Еве прилика да му кажам Благодариме на проф. Јани Сервини,
како и на градоначалникот на Битола, кој помогна да се реализира оваа работа
на најдругарски и најфер начин (што како не кажуваме, сеуште).
За гостите од другите градови...
ќе има една соба со 4 кревети. Значи треба да направиме некако „спијачите“ и
преведувачите да циркулираат. Додека една група спие, друга да преведува.
Така ќе се обезбеди место за одмор за сите гости.
Јадење, пиење, спиење = обезбедено.
За преведувачите...
Пријавете се на: http://lugola.rubyforce.com - кирилично и со точни
информации.
Досега има голем интерес. И покрај тоа што преведувањето е сувопарна работа,
се трудиме да им доловиме интересни ситуации кои би можеле да се случат за
време на маратонот, како на пример, давање маички за најдобрите/најупорните,
давање награда за најдобриот/најупорниот (нема да е ништо што е со цена
повисока од цената на просечен телевизор :) ), но од друга страна веројатно
ќе има и дефинирање на преведувачот/ите кои дале најлош превод. За да не се
денгуби таму...
И пак да се вратам на викито, се полни се повеќе и повеќе. Мора да кажам дека
некои содржини претходно објавени на Линукс.нет.мк сега се префрлени и фино
форматирани во нашето вики (нашето=на сите нас).
Толку засега, па ајде аирлија понеделнички.
More information about the Ossm-members
mailing list