[Ossm-members] Проблем со компатибилност
Aleksandar Balalovski
aleksandar.balalovski at gmail.com
Tue Feb 14 17:35:36 UTC 2006
Лугола последниов месец се труди да реши еден голем проблем на корисник кој
сака да користи ГНУ/Линукс но не може бидејќи тоа не му е овозможено од
различни причини. Точната конфигурација на системот не ја знаам, но од
прилика се работи за Интел Пентиум 4, на 2.6 ГХз, 1 ГБ Рам, со НВидиа
графичка, Интегрирани звучна и мрежна картичка (плочата е Intel <не знам што
поточно>), како и PCI Wan картичка, исто така да споменам дака има и Storage
Media на УСБ, нешто како надворешен диск...и TV Tuner некојси...
Инсталиравме Мандрива, веднаш после
Activating swap partitions...........[ok]
компјутерот се рестартира.
Свап партицијата ја исклучивме од игра истото, значи се работи за процес кој
доаѓа веднаш после Activating swap partitions.
Истото се случува и со Сусе 10.0. Кога ја крева свап партицијата се
рестартира.
Ситемот ко кренавме со Knoppix 3.4 (кој има нели кернел 2.4) и тргна се супер
освен што не најде модул за звучната картичка. Јави проблем, но веројатно тоа
е бидејќи звучната е интегрирана. Патем сите ситеми ја препознаваат звучната
но не можат да ја конфигурираат за работење.
Помисливме дека ако Knoppix се крева, а има кернел 2.4, може да инсталираме
Слеквер при што нема да има проблем. На Слеквер се јави проблем со
активирањето на USB модулите (кога се активираат процесите
од /etc/hotplug/usb.rc). Го исклучивме hotplug но тогаш ништо не наоѓа, како
и што очекував.
Некој да е запознат со слични проблеми и дали е можно PCI картичка - WAN -
која е Win компонента, да прави проблеми од овој тип, и зошто слеквер кочи
кога ги вчитува USB модулите. Може тоа е во прашање и кај сите останати
дистрибуции...УСБ модулите?
Ако треба ќе ставам и лог датотеки (сега ги немам).
Ајде...Помагајте...
--
Real programmers don't draw flowcharts. Flowcharts are, after all, the
illiterate's form of documentation. Cavemen drew flowcharts; look how much
good it did them.
More information about the Ossm-members
mailing list