[Ossm-members] OpenBalkans проект

Vladimir Stefanov vladoboss at mt.net.mk
Mon Jan 30 13:00:19 UTC 2006


Сакам да ја информирам листата дека во тек е формирање на тим за 
отпочнување на проект насловен OpenBalkans. Проектот ќе го води 
консултантската куќа Ars Aperta http://www.arsaperta.com која се бави со 
инплементирање на Open Document форматот во владини тела, администрација 
и компании, а од пред два дена е поканета да се вклучи во OASIS.
Целта на проектот (ако биде одобрен од ЕУ) воглавно ќе се состои од два 
дела:
1. Анализа на ODF и I10N, i18n проблеми (што е ODF, како може да се 
вклопи со балканските јазици, кое опкружување и алатки се потребни за 
негово користење, има ли некои ограничувања...)
2. Можни конкретни имплементации и изработка на физибилити студија.

Со проектот се опфатени сите земји од Западен Балкан (Македонија, 
Албанија, Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна). Веќе се одредени 
лидерите за секоја земја (за Македонија сум јас), а ако проектот биде 
одобрен од ЕУ, ќе се добијат 3 милиона евра за истиот.
Се бара вклучување (пожелно е, не е обврзувачки) на факултети и други 
стручни институциии. На ова им спомнав дека на нашите факултети, тешко 
дека некој од професорите воопшто е чул за XML и ODF, така да не се 
надеваат дека ќе се уфрли некој од нив. Од друга страна, во Србија веќе 
е пријавем институтот Михајло Пупин во проектот.

Кој сака да се вклучи во проектот, нека каже, ама ќе ве молам само оние 
кои сериозно ќе се нафатат да работат, а не само декларативно како во 
многуте претходни случаи. Уфо, ти си веќе планиран.
Огласот од ЕУ го имате овде 
http://vladoboss.softver.org.mk/wp-uploads/OB/b_wp_200205_en.pdf
Нацрт поектот го имате овде 
http://vladoboss.softver.org.mk/wp-uploads/OB/OpenBalkansDraft.odt



More information about the Ossm-members mailing list