[Ossm-members] ОО Маратон Vol.3
Vladimir Stefanov
vladoboss at mt.net.mk
Mon Mar 27 10:11:41 UTC 2006
На идеја сме да организираме уште еден маратон за допреведување на
помошта за ОпенОфис. ГУИ-то е 100% преведено и лекторирано, а статусот
на помошта е следнава:
Вкупно стрингови - 43 441
Преведени - 33,96 % (14 751)
Непреведени - 66,04 % (28 690)
Со Боби разговаравме да се организира затворен маратон, со искусни
преведувачи за да се избегне потоа 4 месечно лекторирање. Плус Боби го
има печувано Кбабелот така да во делот за преведување го дава само
тесктот што треба да се преведе, а ги крие оние досадни тагови од
изворниот код. Така ќе се избегнат милионите грешки кои се појавија
заради испуштени /, >, /n ... и плус ќе се забрза преведувањето за едно
5 пати.
На Филип од Метаморфозис му требаат точни параметри, како термин, број
на компјутери, број на учесници, за да може да разговара околу добивање
на дозвола. Начелно Метаморфозис е ЗА.
Ај сега кажете колку души би се собрале, колку компјутери би ни требало
и термин што би ни одговарал.
Поздрав, Владо.
More information about the Ossm-members
mailing list