[Ossm-members] Маратон во Битола

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Tue Mar 28 12:32:36 UTC 2006


Лугола организира маратон за преведување на работната околина за *nix, KDE. 

Маратонот најверојатно ќе се случи во една невладина во Битола, каде просторот 
и бројот на компјутери највеќе ни одговара за потребите. Како дата за 
одржување на маратонот е одредена и потврдена од членовите на вчерашниот 
состанок 28/29/30 Април. Се работи за Викенд. После тоа е 1ви Мај, сите се 
слободни. Некој ќе рече дека сака да оди на 1ви Мај некаде по ливади, скари и 
ствари, но _нема друг_ термин шо одговара на зафатеноста на (претежно 
средношколците) членовите на групата, затоа што се работи за 5 слободни 
денови (евентуално Велигден ама тоа е веќе лоша идеја). Значи најмногу ни 
одговара оваа дата. Петок, сабота, недела...

Официјално сега, Божидар, Зоки, Уфо, Владо, Новица...сите, што имате искуство 
со преведување и координирање на преведувачки тимови, помагање на преводот и 
би сакале да и помогнете на Лугола, повелете. Ние како организатор на 
маратонот би сакале Божидар да присуствува со 100% сигурност поради неговата 
улога на координатор на тимовите за превод на KDE на македонски јазик, и се 
разбира јас лично, сакам Зоки да дојди пошто е workahollic мадафакер :) 
Процентуално ќе преведиме многу повеќе со Зоки.

Привршува и изработката на веб-базирана апликација за земање датотеки од 
сервер, за парсирање на преведени стрингови, давање статистики и т.н. што 
најверојатно ќе работи на http://maraton.lugola.net (привремен под-домејн 
активен од 1ви Април). Апликацијата ја работи Јосип Џолонга по што ако се 
покаже како успешна за таа намена, може да се искористи за дополнителни цели 
на преведувачки тимови, организирани маратони и слични настани.
 Покриеноста на маратонот е од приватни и лични донации, блиски на групата. 
Сите кои сакаат да ни помогнат, нека донираат кај некој од членовите на 
групата. Генерален спонзор на групата..._нема_...
 Решивме од 10ти Април да има и отворена апликација за пријавување на 
преведувачи (исто како таа за последниот маратон во Скопје), во различни 
смени и слично...

И тоа би било се. Значи 85% работите се завршени. Останува да се пријават 
лојални преведувачи и да најдеме лојална маркетиншка и медиумска покриеност 
што ќе го акцентира настанот. Доколку гостуваат преведувачи од други градови, 
за жал ништо официјално не можеме да ветиме во однос на смештај, но барем 
јадење, пиење и сл. ќе биде покриено. 

Плус инфо, понатаму...



More information about the Ossm-members mailing list