[Ossm-members] слободен софтвер на етф

Vlado Peshov vlatkop at gmail.com
Sat Nov 18 17:14:06 UTC 2006


> На саб, 2006-11-18 во 17:32 +0100, Jovan Kostovski напиша:
> > On 11/18/06, Новица Наков <novica at bagra.org> wrote:
> > >
> > > Постои шанса да договориме Слободен софтвер Македонија да организира некакви
> > > активности еднаш неделно на ЕТФ.

Со оглед на тоа што на ЕТФ скоро и не се организираат вакви настани,
предавања, семинари (значи просториите не се зафатени), не би требало
да има проблем и од деканот и продеканите. Само нели треба да има
иницијатива за активности со подготвена програма. А и интересот кај
студентите верувам дека ќе биде доста голем, макар се држеле и основни
предавања за тоа што Линукс може, бидејќи во Интернет читалната сите
машини се Сусе Линукс, како и машините за изработка на одредени
лабараториски вежби имаат dual boot Windows+Линукс, како и посебната
опремена лабараторија со SUN машини.
Ајде да седнеме (кои се заинтересирани и како што спомна Новица) да се
направи план на теми кои би биле опфатени да се разделат меѓу лугето
па да отидеме директно кај Тото. Можеби самиот Тентов(Тото) би бил
заинтересиран да презентира некои работи. Оти тие што сме на ЕТФ
(сегашно ФЕИТ) знаеме дека имало случаеви каде што на предавања кај
Тентов се зборело на вакви теми.


More information about the Ossm-members mailing list