[Ossm-members] Konferenija

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Tue Oct 10 23:29:29 UTC 2006


Драги другарчиња,

КОНФЕРЕНЦИЈАТА НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ЗА МЕСЕЦ ДЕНА !!!!

Секако дека треба време за да се разработи и релизира планот.
ПРЕДЛОГ ДАТУМОТ средина на ноември го даде Уфо поради тоа
што од некоја фирма од Грција која што работи со RedHat му рекле
дека имаат вишок пари во буџетот за оваа година, кои би сакале да
ни ги дадат на нас за организирање на некој настан и да дојде предавач
од нивната фирма. Идејата им била да направат промоција пред овдешните
фирми на решенијата кои ги нудат. Ако се нафатиме да им излеземе во пресрет
на нив можеме да организираме некоја мала трибина или мало семинарче до
крајот на годината.
Уфо ај те молам објасни подобро каква беше приказната.

КОНФЕРЕНЦИЈАТА НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ЗА МЕСЕЦ ДЕНА !!!!

ВО ДОКУМЕНТОТ СТОИ ДЕКА ДАТУМОТ И МЕСТОТО НА ОДРЖУВАЊЕ ЌЕ БИДАТ
ДОПОЛНИТЕЛНО ДЕФИНИРАНИ ;)

Јас предлагам конференцијата да ја правиме најрано во март или април. Мислам
дека четири-пет месеци ни се доволни за да се организираат работите.

Како место за одржување на конференцијата згодна е и големата сала во
Стопанската комора на Македонија (Златко ме потсети). Малку незгодно е
што се плаќа за користење на салата, но ако им понудиме добар пакет за
спозорство можеме да ја ќариме салата за безпари + преку нив да одат
контактите со одредени компании. Салата е со фул опрема (разглас,
видео бим, еркокондишн...) + столчињата се тапацирани :) Мал проблем
можеби ќе претставуваат работилниците, ќе мораме да најдеме компјутери
на користење од негде, работилниците ќе се одржуваат исто така во
Стопанската комора. Доколку успееме да соработуваме со нив,
конференцијата ќе добие тежина целава работа и поголем респект кај
фирмите.

Исто така треба да го контактираме и МАСИТ. Познавам луѓе од таму што
постојано ми досаѓаат со прашања од типот што правите со друштвото за
слободен софтвер. Мислам дека е време да им покажеме дека сме сериозна
организација.

Нино фино што се јави дека си жив :)
Долго време те нема, не се секирај, за оваа работа и те како треба
мешање во муабетот ;)
Идејата за презентација на тоа софтверско решение од Космофон е
одлична. Нема да ни треба  изворниот код од софверот, она што би ни
требало е опис на користените технологии, начинот на работа на
софтверот и неговата архитектура. Е сега ова е презентирање на идеи, а
тоа е проблем. Се зависи од Космофон,  твојот шеф, тебе и начинот на
кој сето тоа да се спакува, да се каже доволно, а да остане некој кец
у ракав :)

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list