[Ossm-members] Прирачник за миграција

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Sun Apr 1 19:15:49 UTC 2007


Здраво, 

Според тоа што Лугола го заклучи на последниот состанок (меѓу другото) во 
следниот период ќе подготвуваме прирачник за миграција за корисници од 
Windows на Linux системи. Потребни се сугестии и препораки околу тоа за која 
дистрибуција да се пишува прирачникот и кои теми да ги опфати.

Прирачникот ќе го пишувам конкретно јас со помош на Јосип Џолонга кој ќе ми 
помага за изгледот и сликите од екранот на прирачникот, а исто така ќе се 
служам и со добрата презентација на Чомбе за миграција која ја даде во Битола 
на Денот на слободен софтвер последниот септември. Значи Чомбе исто така може 
да се вклучи во овој проект пошто има познавање за тоа како одат одредени 
работи и процеси за мигрирање, ако сака се разбира, со одредени текстови.

Со надеж дека ова ќе биде завршено за најскоро време, сакам да предложам да 
најдеме средства и можности да овој прирачник биде испечатен и како хардкопи 
верзија, со што луѓето ќе можат да добијат:

- прирачник за OpenOffice.org (од Метаморфозис)
- прирачник за Линукс (од Ундп)
- прирачник за миграција (од Лугола)

Со тоа би се заокружила можноста за користење и префрлање на корисници од еден 
кон друг оперативен систем, т.е. од Вин кон Лин.

Поздрав,
Александар.

П.С.
Сугестии и коментари реплицирајте овде, приватни коментари не се препорачани 
за подобра меѓусебна комуникација и соработка на оваа тема


More information about the Ossm-members mailing list