[Ossm-members] Прирачник за миграција

Dean Josevski dean at integraeng.com.mk
Sun Apr 1 22:13:44 UTC 2007


On Sunday 01 April 2007 21:15, Aleksandar Balalovski wrote:
> Здраво,
>
> Според тоа што Лугола го заклучи на последниот состанок (меѓу другото) во
> следниот период ќе подготвуваме прирачник за миграција за корисници од
> Windows на Linux системи. Потребни се сугестии и препораки околу тоа за
> која дистрибуција да се пишува прирачникот и кои теми да ги опфати.
>

ИБМ има издадено книга скоро со идентичен наслов. Мој другар (уште пред некоја 
година) ми ја позајми неговата копија да ја прочитам. Искрено не се сеќавам 
точно на насловот, но мислам дека има и електронска форма на изданието. 

>
> Со надеж дека ова ќе биде завршено за најскоро време, сакам да предложам да
> најдеме средства и можности да овој прирачник биде испечатен и како
> хардкопи верзија, со што луѓето ќе можат да добијат:
>
> - прирачник за OpenOffice.org (од Метаморфозис)
> - прирачник за Линукс (од Ундп)
> - прирачник за миграција (од Лугола)
>
> Со тоа би се заокружила можноста за користење и префрлање на корисници од
> еден кон друг оперативен систем, т.е. од Вин кон Лин.

Зошто книгата „Во светот на Linix“ (од Интегра инженеринг) не би можела да се 
третира како дел од литературата на македонски јазик посветена на слободен 
софтвер.


>
> Поздрав,
> Александар.

Поздрав,
Деан Јошевски


More information about the Ossm-members mailing list