[Ossm-members] Некои прашања за состојбата на НВО оССМ

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Mon Apr 2 12:53:39 UTC 2007


На пет, 2007-03-30 во 17:21 +0200, Aleksandar Balalovski напиша:
> Епа кога ми кажа Новица дека се повлекува се обидов да сфатам кој би бил 
> новиот претседател. Колку души има кандидати? Затоа прашав што се случува, 
> што ако никој не прифати да биде претседател. 

Што е важно кој ќе биде претседател, ќе биде некој не е воопшто важно
тоа. Важно е да имаме организација која што ќе може да делува на
повисоко ниво од LUG, детс ит. Ако се пријавува некој нека пише.

А за отворање на уште една невладина, лично мислам дека е трошење на
време и пари и дека нема да направи никаква разлика дали Лугола е
регистрирана организација или не. Една позитивна работа би била тоа што
раководството би се менувало секоја година, друго не ми текнува.

Прво поставете си го прашањето дали во Лугола има доволно луѓе кои што
би се зафатиле сериозно со водење на НВО пошто целата работа одзема
доста време и ресурси.


> 1. Поголема можност за добивање финансии од грантови (знам дека не е така 
> лесно, ама во секој случај е поголема шансата тогаш него ли сега, сега никаде 
> не формулираме), ова важи и во случај да постојат две НВО

Ако имаш идеја за проект и мислиш дека ќе ти ја одобрат, подносител може
да биде ОССМ (имаме тешко стекната репутација дека не переме пари).

> 2. Во полош случај, да НВО оССМ згасне (никој не вели дека згаснала), мора да 
> има македонска НВО за оваа дејност, мора.

Ако згасне ОССМ ќе згасне и Лугола, кои се луѓето што би работеле за
едната организација а не за другата? Организација има, кој сака да се
вклучи во нејзините редовни активности може да испрати порака дека сака
да го работи тоа.

> Патем, за тие што не беа на канал кога зборувавме со Хрватите, во Хрватска 
> ќерката организација на Сорос ги помага проектите од ваков карактер, нешто 
> како Метаморфозис, со таа разлика што тие често им даваат и директно кеш на 
> активистите, а не само преку организирање на настани и проекти.

Сорос не ни даваат пари зашто немаме машина за перење. :)
-- 
Арангел




More information about the Ossm-members mailing list