[Ossm-members] Проблеми и потреби на мк тимови за локализација на слободен софтвер

Jovan Naumovski jove.mk at gmail.com
Fri Aug 17 12:43:50 UTC 2007


На вто, 2007-07-31 во 01:37 +0200, Igor Stamatovski напиша:
> Чујте и почујте
> 
> Слободен софтвер Македонија сака да се запознае, да ги детектира и
> дефинира проблемите и потребите, силните и слабите страни, маните и
> предностите на македонските тимови за локализација на слободен
> софтвер.
> 
> Со таа цел во духот на веб 2.0 аранжманите, ја отворив следнава вики страница
> http://wiki.lugola.net/Проблеми_и_потреби_на_МК_l10n_тимови
[...]
> Рокот за ова нека биде 10-тина дена.

Паа, поминаа 17 дена и вики страницата е празна. Тоа би требало да значи
дека тимовите за локализација немаат некои посебни проблеми и потреби. И
навистина, не можев јас да се сетам кои технички проблеми и потреби ги
има gnomk а можат да се решат со ваквата страница.

Во почетокот, замислата за ваква страница ми беше да се направи
централно место на кое ќе се следи напредокот на тимовите, како и да се
наведат информации за вклучување кон тимовите за локализација. Потоа се
јави идејата да се направи страница која ќе им помага и на
локализаторите.

Што мислите, во која насока треба да се движи ова: дали страницата да
биде ориентирана кон идниот локализатор, дали кон тие кои веќе
локализираат, дали воопшто да постои или пак можеби некој има некоја
друга идеја?

Ве молам, дискутирајте за ова, особено тие кои што се
засегнати(преведувачите).

Поздрав.
 
----------------------------
Jovan Naumovski
email:  <jovan at lugola.net>
        <jovan3.14 at gmail.com>
        GPG: 555CBAA1
jabber: <jovan at bagra.net.mk>

GNOME на македонски
http://gnome.linux.net.mk/




More information about the Ossm-members mailing list