[Ossm-members] Сподели знаење (2b || (!2b))

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Thu Dec 6 12:40:59 UTC 2007


Здраво,

Веќе подолго време од различни луѓе меѓу кои некои се и на листава
и ги сметаме за активни членови на задницата, добивам прашања кога
ќе има сподели знаење.

Проблемот со сподели знаење е од технички карактер, не е дека немаме
или не сакаме да споделиме знаење ;)
Проблемот е што немаме проектор :(

Се што треба е некој да оди до библиотека негде 19:45 и од библиотекарката
да го земе проекторот. После тоа наредното утро треба да го врати. При земање
на проекторо треба да се остави индекс. За да нема проблеми, тој што
ќе го собира
проекторот ќе има писмено одобрување од деканатот на ЕТФ.

Така одеше процедурата на ЕТФ, ако не пробаме да продолжиме на електро
ни треба некое друго место на кое може да се соберат 4-50 луѓе кое има
проектор.

Ајде некој нека се јави некое "дете" од ЕТФ, процедурата воопшто не е сложена ;)

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list