[Ossm-members] vremenska zona vo kde
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Mon Dec 24 12:56:28 UTC 2007
> нешто се зафатив со подесување точно време во кде и заедно со гемиџи
> откривме дека Европа/Скопје никако не останува како избрана опција во
> „Намести датум и време“. како и да клика човек, се враќа тоа на белград.
>
> ова на арч со кде 3.5.8. некој друг да види па да каже?
мислам дека причината за ова е многу едноставна... (барем ова е мојата
теорија):
- местењето на системската временска зона се прави преку копирање на
соодветниот фајл од /usr/share/zoneinfo/Europe/Skopje во /etc/localtime
- фајловите Skopje и Belgrade не се разликуваат (како ни Загреб, Љубљана,
Подгорица итн)
- кога повторно ќе ја старташ алатката за подесување на време, како подесена
ја дава првата зона која одговара на /etc/timezone (првата по азбучен ред).
Не гледам како би се решил проблемов... не може да памти, пошто
администраторот може да го смени и со некоја друга алатка.
во Slackwarе кога подесуваш /etc/localtime со tzselect, остава и еден
симболички линк /etc/localtime-copied-from
кон /usr/share/zoneinfo/Europe/Skopje на пр.
Тоа е еден начин да се направи reverse релацијата, но тоа не важи за другите
дистрибуции.
OTOH, во Arch барем - временската зона у суштина се подесува во rc.conf
TIMEZONE="Europe/Skopje" и /etc/localtime се пребришува при секое бутирање
енивеј.
Конечно, не знам зашто некој би подесувал време преку KDE, кога најлесно е да
си имаш openntpd и да старташ 'ntpd -s'.
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа
More information about the Ossm-members
mailing list