[Ossm-members] Аман веќе
Jovan Kostovski
chombium at gmail.com
Fri Feb 23 15:46:00 UTC 2007
Здраво,
Незнам веќе по кој пат организациите и фондациите кои
се "занимаваат и промовираат" слободен софтвер освен
нашава изразот
FOOS (Free/Open Source Software) го преведуваат на македонски како
"Слободен софтвер со отворен код".
Ова е страшно! Обичен лаик кој ќе ја прочита оваа фраза, може да
помисли дека ако има "Слободен софтвер со отворен код", тогаш има
и "Слободен софтвер со затворен код".
Оваа појава прво почна од Метаморфозис (најверојтно од Филип),
а сега гледам и на А2 УНДП го направиле истото.
Дали е наша или нивна грешка? Дали не се им кажале дека
FOOS (Free/Open Source Software) на македонски се преведува како
"Слободен софтвер и софтвер со отворен код"?
Ако не е наша грешка, тогаш мора да реагираме
ПОЗДРАВ, Чомбе
--
Advice for software developers and horse racing enthusiasts: Avoid hacks
More information about the Ossm-members
mailing list