[Ossm-members] Аман веќе
Kliment Simoncev
simoncev at genrepsoft.com
Wed Feb 28 00:05:08 UTC 2007
Да, забелешката многу битна така да терминот веројатно треба да биде
„Слободен софтвер и Софтвер со отворен код“. Во текстот што го пишував
во рамките на FLOSS во образованието ми требаше и кратенка која би
одговарала на F/OSS , па ја употребив С/СОК. Нашиот јазик е доста
наративен така да насловите понекогаш се доста долги.
Споменатиот текст може да се погледне на:
http://schools.edu.mk/e-school/mod/resource/view.php?id=98
Поздрав,
Климе
Jovan Kostovski wrote:
> Здраво,
>
> Незнам веќе по кој пат организациите и фондациите кои
> се "занимаваат и промовираат" слободен софтвер освен
> нашава изразот
> FOOS (Free/Open Source Software) го преведуваат на македонски како
> "Слободен софтвер со отворен код".
>
> Ова е страшно! Обичен лаик кој ќе ја прочита оваа фраза, може да
> помисли дека ако има "Слободен софтвер со отворен код", тогаш има
> и "Слободен софтвер со затворен код".
>
> Оваа појава прво почна од Метаморфозис (најверојтно од Филип),
> а сега гледам и на А2 УНДП го направиле истото.
>
> Дали е наша или нивна грешка? Дали не се им кажале дека
> FOOS (Free/Open Source Software) на македонски се преведува како
> "Слободен софтвер и софтвер со отворен код"?
>
> Ако не е наша грешка, тогаш мора да реагираме
>
> ПОЗДРАВ, Чомбе
>
>
More information about the Ossm-members
mailing list