[Ossm-members] Пропаганда

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Tue Feb 27 00:00:12 UTC 2007


On Monday 26 February 2007 22:51, DZvonko Nikolov wrote:
> Здраво,
>
> Сите основни училишта во Македонија кои имаат компјутери од
> кинеската донација имаат Убунту линукс и ОпенОфис (мислам
> дека е некоја 1.5х верзија: и виндоус и линукс верзија) така да за
> изведување на настава на ОО и линукс ги имаат сите предуслови,
> така да треба само добра волја и желба. Опрема има, се е инсталирано
> и сетирано. Само треба да се почне. Не сум сигурен дали Фирефокс-от
> е на македонски.

Еих ама корисни информации прочитав. Фала! Хрм, не мора да е Линукс директно, 
битно е да се користи слободен софтвер, да се осознае слободниот софтвер, да 
им се каже дека имаат право на избор. Супер што тоа си го применил за твоите 
ученици, тешки сите да имаа таков видик, немаше да мора да проектираме вакви 
активности, само напред. Ако некој има проблем, слободно упати ги кон Лугола.

> Како и да е, јас веќе предавам линукс и ОО (јас сум 
> наставник во ОУ во Струмица). Малку, ама наоѓам луфта. Приемот е супер.
> Сега планирам да ангажирам и колешка во друго училиште да почне
> со ОО и Убунту. Неколку пати порачав бесплатни ЦД-а со Убунту и
> бесплатно ги поделив на учениците. Неколкумина ги инсталираа и ги
> користат како втор ОС. 

Подобро од ова и не може. Тоа е целата поента, да се најде мал простор каде 
што ќе им се каже на учениците некои основи; дали ако се работи на ваков 
глобален пилот проект би бил расположен за споделување на искуство што си го 
имал во тоа поле? Во смисла, кратко обасјнување (текст) 
како/што/зошто/резултати. За тоа, потоа...


> Ако сакате да ги користите наставниците од ОУ или средните, најлесно
> е преку Здружението на Информатичарите на Македонија. Ако сакате,
> ќе ви дадам контакт.

Да. Идејата е да се пристапи преку локалната самоуправа - локален ресор за 
образование и преку МЕСИТ. Имаат веб ?

> За фирмите, не сум сигурен дека некоја фирма ќе експериментира. Тие
> не се ентузијасти како вас. Треба да им понудите нешто што неможат да
> го одбијат ;-))) Инаку, нема ни да разговараат на таа тема. Верувајте, сум
> правел такви муабети.

Фирмите не се ни во план во тоа поле, битно е на децата да им се каже дека 
имаат избор, после кога тие ќе побараат Линукс на машините фирмите 
сакале/несакале ќе научат :)

Фала уште еднаш за информациите и до следниот пат..



More information about the Ossm-members mailing list