[Ossm-members] todo digest: некои идеи што може да се спороведат прилично лесно

Новица Наков novica at bagra.org
Wed Feb 28 17:25:15 UTC 2007


1. Замолив да се распрашаат луѓе на ФЕИТ дали може студентите да земаат пракса 
кај нас. И испаѓа можело - имаме печат, правно лице ова - она. Не треба 
никаква посебна процедура. Не треба никој ништо да ни одобри. Само студентот 
требало да му каже на некој асистен каде е на пракса и тоа е тоа.

Идеи за ова?

2. За време на работилниве што беа викендов за семантичка мрежа зборев со 
Искра од Точка за да ни дадат некој ден во неделата да правиме проекции таму. 
Таа рече дека биле целосно отворени за соработка.

Па, ако мислите дека е добра идеја на сподели знаење да додадеме уште ваква 
активност, па да испадне секој вторник да имаме по некоја активност, да ја 
тераме работата.

Најдобро ќе биде да се договориме кој ќе биде уредник на тие вечери, па тој и 
да контактира со нив и се тоа.

Мејлот на Искра: iskra.geshoska at gmail.com

Идеи за ова?

-- 
Новица

There is no patch for stupidity.



More information about the Ossm-members mailing list