[Ossm-members] Нееднавкоста во заедниците на Интернет
Новица Наков
novica at bagra.org
Sun Jan 7 09:27:10 UTC 2007
За тие на листава што не следат планета:
Во најголемиот број заедници на Интернет 90% од корисниците се набљудувачи
(lurkers), 9% се соработници (contributors) кои придонесуваат од време на
време и 1% од сите корисници се оние кои креираат најмногу од содржината.
На листата (т.е. во мојата папка со пошта од листата) има 7910 пораки и вкупно
274 претплатници (денес 06.01.2007 година во 15:30h).
Грубата статистика оди отприлика вака:
1% од сите претплатници се 3 претплатници: првите 3 претплатници испратиле
вкупно 2503 пораки (отприлика 31% од сите пораки). 7 луѓе (2,5%) испратиле
4070 пораки (51% од вкупниот број на пораки).
Би било згодно да се види и колку од овие 274 луѓе не испратиле ниту една
порака, ама KMail не може тоа да го пронајде, па доста е.
Top-poster на листата се разбира е Уфо со 11% од сите пораки. :)
Целиоте текст е тука: http://www.softver.org.mk/novica/01168094663
--
Новица
Live life on the edge but try to stay on topic.
More information about the Ossm-members
mailing list