[Ossm-members] Проблем со Убунту
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Mon Jul 23 14:12:36 UTC 2007
> На една машина со дуал бут (Убунту и Виндоуз) јавува проблем GRUB
> failure и не може да се стартува ниту едниот ниту другиот. Пробав со
> Ubuntu live CD ама заглавува на „Starting Enterprise Volume Management
> System“.
>
> Дали некој знае лек или чаре за ситуацијава?
Што е направено пред да се појави проблемот??
Мене ми личи дека linux партицијата е избришана па grub-от неможе да си ги
најде фајловите што му требаат.
Инаку, решение ... ако linux-от стварно е избришан треба да се врати
windows-овскиот MBR на харддискот (fdisk /mbr ли беше?) .. тоа не знам баш
како се прави.
Друга опција boot-ирање на RIP linux(1) од CD или USB и преинсталирање на
grub-от. Најлесно,
mount /убунту/партицијата /mnt
chroot /mnt
/usr/sbin/grub-install
(1)
Recovery is possible
http://www.tux.org/pub/people/kent-robotti/looplinux/rip/
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа
More information about the Ossm-members
mailing list