[Ossm-members] Предлог

Новица Наков novica at bagra.org
Fri Jun 1 18:59:08 UTC 2007



Благој, со секоја почит кон тебе, ама извини, не разбирам што ти е поентата.

Па за тебе, и за другите кои можеби ги интересира општо земено вака стојат 
работите:

1. ако сакаш да придонесуваш кон заедницата, можеш да го правиш тоа преку 
следење на ресурсите кои се достапни за сите. ако не се снаоѓаш низ нив тогаш 
побарај помош. не треба никаде да се пријавуваш... еве случајно денес видов 
дека азуреус е преведен на мк.. не знам кој го правел, никој не кажал овде... 
тоа е заедница, преводи, вики, ова - она...

2. ако сакаш да станеш формално член на оссм треба да преземеш некои обврски. 
има некои правила кои треба да се почитуваат и сл. моментално најголем дел од 
институционалното градење на оссм е на мене дамјан и игор, со голема помош од 
арангел и глиша. не може да бидеш дел од оссм само за да бидеш дел... тоа е 
тоа. ако сакаш да бидеш дел ќе треба да жртвуваш време и понекогаш и пари.. 
одење по досадни состаноци, ашкање по државни институции итн. тоа значи дека 
ќе треба да трошиш многу повеќе од времето, многу повеќе да користиш слободен 
софтвер, да читаш многу текстови за лиценци и авторски права, одф и cc, 
закони, стратегии и сл. придобивки некои нема освен лична сатисфакција. ако 
некогаш има пари, дел од колачот ќе биде за тебе...

3. ако не ти се допаѓа како функционира оссм, нема да можеш лесно да не убедиш 
во тоа, или барем не брзо. ние ја водиме, ние мислиме дека така треба. но, 
ако донесеш барем 5 твои истомисленици тогаш ќе направиме примо-предавање, па 
вие терајте.

ете, тоа имам да кажам... 

on a more personal note - баш ми е жал што вакви дискусии се случуваат,  
наместо да се фокусираме на работи што се важни се троши многу енергија на 
пишување мејлови. баш ми е жал што не може сите да останеме обединети под 
името на еден правен ентитет. баш ми е жал што има супер талентирани и 
паметни луѓе кои ја разбираат проблематиката кои не сакаат да се приклучат. 
баш ми жал што има 250 членови на листава, а скоро никој не учествува во 
активностите. ј**и га.


-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа



More information about the Ossm-members mailing list