[Ossm-members] Free speech vs. free beer

Bozidar Proevski bobibobi at freemail.com.mk
Sat Jun 23 11:30:09 UTC 2007


Во сабота 23. јуни 2007 01:41 Новица Наков напиша:
> но, прашањето за цената мора некако да се објасни. барем до сега во моите
> искуства луѓето често прашуваат а како/дали/зошто е бесплатно?

Во сабота 23. јуни 2007 02:44 Aleksandar Balalovski напиша:
> Јас мислам дека сеуште има дебили кои не го преведуваат терминот Free како
> што треба. Па затоа во тој контекст, значи тоа се однесува повеќе на
> преводот на Free отколку на самото значење на македонски.
>
> За да се избегне преведување на Free како бесплатен (кога станува збор за
> free software), сметам дека е потребно да има ваква дистинкција која ќе
> служи за појасно и конкретно дефинирање на слободниот софтвер.

Бидејќи го именуваме како „слободен софтвер“, прашањето на цената се објаснува 
само по себе, барем според мене. Никаде во името „слободен софтвер“  не се 
споменува цена!

Оние што не разбираат (или не сакаат да разберат) и да им се нагласи, пак ќе 
го преведуваат како бесплатен. Освен тоа не еднаш сум слушал луѓе од 
заедницава како употребуваат „бесплатен софтвер“.

> Патем, ако видиме како го прават тоа другите јазици кои имаат исто збор за
> бесплатно и слободно, ќе видиме дека и бугарите и србите ја користат оваа
> споредба за одделување на слободен говор и бесплатно пиво

А ние не можеме да решиме за нас?

Поздрав Боби


More information about the Ossm-members mailing list