[Ossm-members] todo digest: некои идеи што може да се спороведат прилично лесно

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Thu Mar 1 11:26:45 UTC 2007


On 2/28/07, Новица Наков <novica at bagra.org> wrote:
>
> 1. Замолив да се распрашаат луѓе на ФЕИТ дали може студентите да земаат пракса
> кај нас. И испаѓа можело - имаме печат, правно лице ова - она. Не треба
> никаква посебна процедура. Не треба никој ништо да ни одобри. Само студентот требало да му каже на некој асистен каде е на пракса и тоа е тоа.

Во основа само треба да извадат барање за пракса од студентски прашања
и да одат во фирмата. За време на работата треба да водат некој
дневник на на работа. По завршување на праксата со дневникот и со
уверение за извршена пракса (кое би го издале ние) одат кај асистентот
што е одговорен за пракси на таа насока. За праксите не се зема плата
и треба да траат најмалку еден месец.

> Идеи за ова?
1. Развој на апликации под GPL (GTK, Qt, Python)
2. Креирање на веб сајтови со Joomla, Drupal, Wordpress
3. Веб програмирање (php, python)
4. Локализација на слободен софтвер

За ова најдобро би било да се направи добра концепција и
да се креираат проекти на SourceForge.


> 2. За време на работилниве што беа викендов за семантичка мрежа зборев со
> Искра од Точка за да ни дадат некој ден во неделата да правиме проекции таму.
> Таа рече дека биле целосно отворени за соработка.

Супер. Какви проекции: филмови и предавања?

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list