[Ossm-members] Стринг

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Thu Mar 8 00:34:02 UTC 2007


На чет, 2007-03-08 во 01:25 +0100, DZvonko Nikolov напиша:
> Здраво, 
> 
> Прво, многу тупите. Долго, кратко, незнам какво. 
> Што мислите, тие што го пишувале софтверот, толку 
> му ја мислат?

Секако дека мислат, не се праи тоа туку така како ќе му текне на
програмерот без разлика на тоа како ќе изгледа после во програмата.
Збориме за наоѓање на соодветен превод на македонски, секој јазик си е
различен случај, на англиски на пример многу едноставно и кратко се
кажува истото што на македонски се објаснува со цела реченица.

>  Како не. Да ја мислеа, немаше да има 
> ваква идиотска терминологија. 

Каква идиотска терминологија? 

> Второ, може ли „Отстрани го најгорниот прозорец“
> Доволно е кратко? И јасно?

Не се отстранува прозорецот, едноставно му се менува својство, веќе нема
да биде над сите други прозорци.

> Трето, што работи програмот?

Се работи за metacity, менаџерот за прозорци.
-- 
Арангел




More information about the Ossm-members mailing list