[Ossm-members] Предавање од Richard Stallman

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Wed Mar 28 09:27:31 UTC 2007


On Wednesday 28 March 2007 10:31:21 Ivan Stoev wrote:
> Сакав да ви се пофалам дека вчера присуствував на предавање од Richard
> Stallman на тема "The Free Software Movement and the GNU/Linux Operating
> System". Говореше општо за слободите кои доаѓаат со Слободниот софтвер,
> за почетоците на GNU/Linux оперативниот систем, DRM, софтверски патенти.

А каде живееш ? Прекрасно што си го гледал, се надевам ќе имаме можност и ние 
овде :)

> По говорот, се отвори прашањето што тој препорачува на студентите по
> информатика што ќе дипломираат наскоро и Richard Stallman отворено кажа
> тие треба да избегнуваат работа за било која компанија што произведува
> софтвер што не е слободен. Па сакав да ве прашам и вас: Не ли е ова
> малце екстремно? Посебно за Македонија каде што речиси нема (барем јас
> не сум слушнал досега) фирми што се занимаваат единствено со слободен
> софтвер?

Сталман секогаш бил екстремен во однос на слободата. Тоа зависи од тлото каде 
што студентите живеат. Можеби и мислел (не го слушнав аудиото) дека не треба 
да се соработува на поле на развој на неслободен софтвер (пример, да не се 
соработува со компанија која воопшто не пројавува интерес за развој на 
слободен софтвер)?

Од друга страна ако се добри програмери, кога ќе отворат фирма ќе мораат од 
некаде да стекнат искуство, во странство има примери на фирми што развиваат 
слободен софтвер, па и кај нас има такви кои работат на огромни $$ проекти 
користејќи слободен софтвер, lamp, чист пример.


More information about the Ossm-members mailing list