[Ossm-members] Некои прашања за состојбата на НВО оССМ

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Fri Mar 30 15:21:26 UTC 2007


On Friday 30 March 2007 16:27:27 Дамјан Георгиевски wrote:

> Затоа те прашувам која е поентата на правење уште едно НВО, т.е. трошење на
> дупло ресурси за истата работа... Може ставрно имаш причина - ама не кажа
> што е... мене ми е само да немаш грешка во причината.

Епа кога ми кажа Новица дека се повлекува се обидов да сфатам кој би бил 
новиот претседател. Колку души има кандидати? Затоа прашав што се случува, 
што ако никој не прифати да биде претседател. 

Уште еднаш, јас не сакам заради тоа што ни вие не би сакале да координирате 
Лугов во Битола, нели? Знам јас од тука кој работи што работи, знам каде да 
дадам обврски, кој колку знае, знам каде да се обратам, кој ќе ме сослуша, 
Лугола има свои врски, канали :) сфаќаш? да не звучам многу како Кум, не 
сакам да испадне да се најде некој да биде претседател колку да биде и колку 
да се префрли одговорност.

Причина поради која се разгледува можноста за формирање на нов НВО има од два 
аспекти:

1. Поголема можност за добивање финансии од грантови (знам дека не е така 
лесно, ама во секој случај е поголема шансата тогаш него ли сега, сега никаде 
не формулираме), ова важи и во случај да постојат две НВО

2. Во полош случај, да НВО оССМ згасне (никој не вели дека згаснала), мора да 
има македонска НВО за оваа дејност, мора.

И што ако се формира уште една НВО? Нема да има никаква загуба на ресурси. 
Можи имаме тајни загарантирани извори на финансирање, а? :) 

Патем, за тие што не беа на канал кога зборувавме со Хрватите, во Хрватска 
ќерката организација на Сорос ги помага проектите од ваков карактер, нешто 
како Метаморфозис, со таа разлика што тие често им даваат и директно кеш на 
активистите, а не само преку организирање на настани и проекти.



More information about the Ossm-members mailing list