[Ossm-members] Vista презентација во Македонија

Goce Mitevski goce.mitevski at gmail.com
Fri Mar 30 18:44:46 UTC 2007


Луѓето ги интересираат малите работи и затоа мислам дека не треба да
се става акцент на Виста како на пропаст. Виста е за слабите и
плашливите а Линукс за храбрите. А начини тоа да се соопшти има
бесконечно многу.

Еве уште неколку фини реченици:

Уметноста не познава граници, па затоа во Линукс никој не ти забранува
да слушаш и гледаш што сакаш и колку сакаш.

Линукс е лесен како пердув, зашто нема DRM*
(„убава" дефиниција за DRM - не ми доаѓа во моментов)

Тоа што немаш пари за скап софтвер, не те прави виновен. Линукс нема
цена, зашто е бесплатен.

Луѓето што користат слободен софтвер не бараат кракови, зашто за него
тие не се потребни.

За секоја скапа апликација, постои отворена* апликација од истиот калибар.
*што точно значи отворена?(на најпрост можен начин кажано)

Ако ми текнат уште ќе се убацам пак.

Инаку поентава ми беше да има различни ливчиња/флаери што на предната
страна ќе имаат различна порака, како горниве, а од позади би ја имале
испечатено табелата со спецификациите што ја спомнав пред малку.


More information about the Ossm-members mailing list