[Ossm-members] Лаптопи за поинтересна настава

DZvonko Nikolov dzvonko7 at nerdshack.com
Wed Nov 21 06:45:56 UTC 2007


> Неонформираноста не е оправдание за новинар. Како можам да прифатам некој што 
> има задача да информира, да ја оправдува својата некомпетенција со 
> неинформираност?
>
> Да не ја шириме дебатата... тие што биле повикани од новинарите, дале изјава, 
> нема ништо лошо ниту спорно за тоа.
>
> Тоа што јас се прашувам е следното:
> 1. До кога ќе се игнорира организација на луѓе кои се компетентни и сакаат да 
> помогнат?
> 2. До кога ќе се игнорира заедницата која индиректно веќе ги помага 
> имплементациите на проекти со слободен софтвер?
> _______________________________________________
>
>   
Јас работам у образование. Даскал сум по информатика.

Прво, лаптопите се (накнадно додаден) дел од PEP проектот.
На почеток воопшто ги немаше. Сега тоа е најглавна фора.
PEP трае 5 години и треба да се реализира за тоа време.
Сето тоа е под капата на USAID. Лаптопите замислени се
како сервер и 6 терминали под Linux. Кој, каде и како ќе бидат
терминалите не се дискутира (тоа е дискусија од семинари на
таа тема како дел од PEP). Потоа, секој наставник треба да води
„дигитално портфолио“ за секој ученик. Оцени, писмени,
изостаноци, одговори и се друго за него во текот на цело
школување. Нешто како база. Каде, каква, кој, што, никој незнае.
Нејсе, сите релевантни фактори од проектот се расштиман оркестар.
Секој нешто турка и цела работа е разговор на глуви. Сите се во магла.
Така да, не е ни чудо што никој ништо незнае, оти никој ништо и незнае 
точно.
Како и се што се случува кај нас.

Второ, ова не е првпат да се промовира Linux во образованието.
Донацијата од кинеската влада за основните училишта имаат dual boot
на Windows i Linux. Ние како наставен кадар имавме предвидено часови
во програмата (а со тоа и законска обврска да ја спроведеме) за
запознавање со Linux i OpenOffice. Ние тоа МОРА да го правиме.
Тоа е веќе 3 години. И сега, оп, чудо! Еј, во школо се учело Linux, 
откривме
топла вода. Проблемот е во тоа што никој за ова не зборува. Наставниците
ќутат оти не им се учи ново, „песната“ ќе треба да ја променат, учениците
главно, немаат појма оти тоа е дел од програмата, а тие што имаат баш им
е гајле, ќе играат игри на час, нема да учат ништо ново, директорите немаат
појма пошто повеќето се полуписмени и компјутерски неписмени и боси,
незнаат да прочитаат што се бара и така сите ќутат, сите се среќни и весели
работите течат и се е ОК. Ќе се најде некој будала даскал и ќе предава 
за овие
Linux-и и OpenOffice-и, ќе дроби за слободен софтвер и толку. До 
следното откритие.

Трето, организацијата ќе се игнорира се дотогаш, додека не почне поагресивно
да се наметнува и да се промовира. Додека е се оставено на добра воља и 
убави
желби, фино, културно и смирено. Тие достигања треба да се објават, да се
промовираат, да се пофалите, на сите страни и на цел глас. Барајте ТВ, 
радио,
весници, трибини, новинари (може ќе се најде некој со техно-талент), 
емисии.
Никој не вика оти е лесно и пријатно. Не е. Меѓутоа, крајниот резултат е 
тој што
се брои и рачуна. Ако стварно веруваш во тоа, тогаш треба да се проба. 
Па ќе се
види дали вреди или не. Има капацитет или не.
„Рекламата ја направи кока-кола империја, а всушност е обоена газирана 
слатка вода.“
(цитат од незнам_како_се_викаше_го_заборавив)
ОК, тие луѓе се компетентни, сакаат да помогнат. Неспорно, меѓутоа, тоа 
многу малку
го знаат. Кога ќе ми треба некој таков, ќе го повикам тој што го знам, 
што имам чуено,
видено. Реклама, промоција, објава, фалба. На цел глас. Има и зошто, има 
и со што.

Ова е до сите ученици:
Барајте наставниците да Ви предаваат за Linux i OpenOffice. Часови има 
предвидено
според програмата, спрема тоа законски тие МОРА да го предаваат тој 
материјал.
Тоа е зададено од Министерство, не го измислив тоа јас, а ни тие. Ние 
мора да го
спроведеме. И толку, за тоа no comment.

Поздрав
Ѕвонко Николов





More information about the Ossm-members mailing list