[Ossm-members] usb
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Mon Oct 8 18:24:28 UTC 2007
> Здраво
> десктоп компјутер што имам е само на кубунту 7.04
> (стар некои 4г, 2GHz/128KB Celeron, MB MSI sis 645 Combo)
sis обично е тешко срање... не мора да значи дека е тоа проблемот, но морав да
кажам.
> Едно постаро 1.1 усб што го имав на саат ниеднаш не ми направило проблем
> со погорниот опис. Од пред некое време имам 4ГБ кингстон 2.0, префрлам
> датека нешто што треба да префрлам, одам на работа, не ја бива..
што значи „не ја бива“?
> Потоа неколку пати за големи датотеки (имиџи префрлување по 2, 3ГБ оди
> донекаде (значи работи на 2.0) ама прекинува..)
ако ти е usb-то во FAT32 фајлсистем, не можеш да креираш датотеки поголеми од
2гб, ако не е FAT32 што е? NTFS? - ако да, во linux за NTFS користи исклучиво
ntfs-3g - ништо друго. Ќе најдеш на google како се инсталира/подесува.
> Ќе помислев дека ова можеби се случува само на тој компјутер, ама имам и
> лаптоп dell insipiron 8200, кој па за жал има проблем со интерната
> мрежна и тоа го решавам со usb2lan порт. Овде кога сум на интернет доста
> нестабилна врска ми прави со мрежата, а бидејќи имам со лаптопот
> лиценциран икспе home таму па се си тече како треба.
Чекај, чекај - ова сега е комплетно посебен проблем на посебен хардвер со
посебен софтвер... што значи „нестабилна врска ми прави со мрежата“ ??
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа
More information about the Ossm-members
mailing list