[Ossm-members] ден на идеи... 20.окт

Новица Наков novica at bagra.org
Fri Oct 19 11:26:32 UTC 2007


Бидејќи повеќе луѓе ме прашаа за ова, еве инфо од макфакс:

Владата ќе прибира идеи од граѓаните

Скопје /15/10/ 15:20

Македонските граѓани идниот викенд ќе имаат ретка можност на Владата да и ги 
изложат своите идеи за натамошен економски и демократски развој на државата.

За таа цел, како што соопшти денеска владиниот портпарол Ивица Боцевски, во 
сабота, на 20 октомври, на платото пред Владата ќе се одржи централниот 
настан на „Денот на идеите“.

Како што е најавено, премиерот, министрите, државните секретари и другите 
владини функционери, директно ќе ги слушаат идеите од граѓаните од 
економијата, образованието, здравството, културата, инфраструктурата и сите 
идеи поврзани со секојдневниот живот.

Владата јавно ги повикува граѓаните да земат учество и директно да се обратат 
со своите идеи „Денот на идеите“, кој што ќе се одвива во повеќе градови низ 
Македонија.

„Покрај директниот контакт граѓаните ќе можат своите идеи да ги приложат и по 
писмен пат во сандачиња кои ќе бидат поставени ширум Македонија, а Владата ќе 
ги разгледа и процесира сите предложени идеи“, соопшти Боцевски. /крај/со/ап/

Можеби има инфо и на официјални сајтови, а дефинитивно има и по весници.

Не гледам потреба посебно да се организираме. Сѐ што треба да се направи е да 
се појде на плоштад и да се остави ливче со „користете слободен софтвер во 
јавната администрација“ во сандачињата. Ако некој сака може и подолг текст да 
напише и таков да остави. Ресусри за овие работи има на 
slobodensoftver.org.mk.

Ако има некој поамбициозен може да оди пред влада и таму да зборува со 
премиерот и министрите. 

Тоа. 


-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/Вечна_TO-DO_листа
http://wiki.lugola.net/Бонтон_за_ossm-members
http://wiki.lugola.net/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија
Важно: http://bugs.softver.org.mk/index.php?tasks=all&project=7 !



More information about the Ossm-members mailing list