[Ossm-members] Прирачникот

Игор Поповски igor.popovski at gmail.com
Mon Sep 24 00:01:27 UTC 2007


Aleksandar Balalovski напиша:

> барајте грешки и сугестии и 
> пријавувајте. Неконструктивна критика не е зема во предвид. Изворните ресурси 
> ќе бидат објавени за скоро.

Нема да навлегувам во одредени преводи за кои лично сметам дека не се
литературно македонски (и според тоа несоодветни) за да не бидам обвинет
за неконструктивна критика. Ова се неколку грешки што ги воочив на прв
поглед. На многу места забележав и неправилна употеба на запирка (ја има
каде што не треба и ја нема каде што треба), но не ги наведував како
грешка (пред сè зошто ме мрзи ;)). Нормално, сè уште стои и забелешката
за преправка на наводниците.

Страниците се апсолутни вредности на PDF документот, а не нумерираните
вредности.

1. Стр. 3, содржина: тргни ги (или значително намали ги) сенките од
текстот; грдо изгледаат и тешко се чита.

2. Стр. 4, трет пасус: „ Тоа значи дека луѓето кој го користат не можат
да видат што тој прави и како функционира!“ треба да стане: „Тоа значи
дека луѓето кои го користат не можат да видат што прави тој и како
функционира!“

3. Две реченици понатаму: „... многу тешко можете да видите што впрочем
тие прават.“ треба да стане: „многу тешко можете да видите што прават тие.“

4. Иста поправка во последниот пасус од истата страница: „...при што
можете да видите што впрочем тој прави.“ = „... да видите што прави тој.“

5. Стр. 6, последен пасус: „CD-ња“ = „Компактни дискови“ или „CD-ови“.

6. Подолу, во истиот пасус: „...јадрото на системот, се е направено
беспрекорно лесно.“ = „... сè е направено беспрекорно лесно.“

7. Стр. 7, пасус „Компатибилност“: „GNU/Linux работи на се.“ =
„GNU/Linux работи на сè.“

8. Истиот пасус, наредната реченица: „...па се до многу стари
конфигурации...“ = „... па сè до...“

9. Истата страница, пасус „Бесплатен“: „...не само што е слободен, тој
најчесто е и бесплатен.“ = „...не само што е слободен, туку најчесто е и
бесплатен.“

10. Истата страница, последната реченица: „осети“ = „почувствува“.

11. Стр. 8, пасус „Заедница“: „Заедницата на GNU/Linux е составена од
луѓе како Вас и претставува прекрасен свет од кој можете да бидете дел и
самите Вие.“ = „... и претставува прекрасен свет од кој и Вие самите
можете да бидете дел.“

12. Стр. 9, втор пасус, горе десно: „Поради притисок Владите кои се
префрлаат...“ = „Поради притисок од владите кои се префрлаат...“

13. Стр. 10, најдоле лево: „Потребен ќе Ви биде инсталационен диск од
Windows и лиценца за него, бидејќи овие програми впрочем вршат целосна
инсталација на Windows под GNU/Linux.“ = „Ќе Ви биде потребен
инсталациски диск од Windows и лиценца за него, бидејќи овие програми
вршат целосна инсталација на Windows под GNU/Linux.“

14.  Стр. 12, горе лево: „... Word и Excel се псеудо стандарди...“ =
„...се псевдо стандарди...“

15. Истата страница, подоле: „Од верзија 2.04, OpenOffice.org
поддржува...“ = „Од верзијата 2.04, OpenOffice.org поддржува...“

16. 9 редови подоле: „...но поддршката се повеќе и повеќе се подобрува.“
= „...но поддршката сè повеќе и повеќе се подобрува.“

17. Уште 2 реда подоле: „...за овие формати, тие можат, и тоа го прават,
да ги менуваат...“ = „...за овие формати, тие можат (и го прават тоа) да
ги менуваат...“

18. Исто стр. 12, горе десно: „...треба да Ви заврши работа за речиси се
што ви е потребно...“ = „...треба да Ви заврши работа за речиси сè што
Ви е потребно...“

19. Следната реченица: „сеуште“ = „сè уште“.

20. Наредниот пасус, најдоле: „За среќа се повеќе и повеќе...“ = „За
среќа сè повеќе и повеќе...“

21. Стр. 13, горе десно: „На крајот откриени се пропусти во оваа заштита
и дека клучеви за пристап до содржините на DVD дисковите воопшто не се
потребни.“ = „На крајот, откриени се пропусти во оваа заштита и откриено
е дека клучеви за пристап до содржините на DVD дисковите воопшто не се
потребни.“

22. Стр. 13, пасус „Заклучок“: „Како што GNU/Linux станува се
попопуларен, се повеќе уреди...“ = „Како што GNU/Linux станува сè
попопуларен, сè повеќе уреди...“

23. 8 редови подоле: „...дополнителни пакети, како драјвери за видео
картици...“ = „...дополнителни пакети, како драјвери за видео картички...“.

24. Наредната реченица: „...работи добро под GNU/Linux што ќе треба
да...“ = „...работи добро под GNU/Linux, поради што ќе треба да...“

25. Стр. 14, кон средината на левата колона: „Живо CD значи покревање на
GNU/Linux...“ = „Живо CD значи подигнување на GNU/Linux...“




More information about the Ossm-members mailing list