[Ossm-members] множини во македонскиот јазик
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Tue Dec 2 16:16:09 UTC 2008
овој муабет сме го правеле пред многу години.. и некако не се дошло до
заклучок, а баш сега гледам неколку ситуации кои не ми се јасни.
Прашањето е: колку *избројани* множински форми постојат кај именките во
македонскиот јазик.
Јас колку што можев да видам постојат 2, и тоа:
еднина, се употребува за 1, 21, 31, ... 101 ..
(сѐ што завршува на 1 но не и на 11)
множина, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 ... 20, 22 ... 111 ...
(сѐ друго)
Да потсетам, збирната множинска форма (значи множина која не може да се
изброи) е сосема различна работа и не не интересира. (пр. 1 камен, 2 камена,
повеќе камење).
пс.
ова спаѓа во граматика или правопис?
http://mk.wikipedia.org/wiki/Граматика_на_македонскиот_јазик
http://mk.wikipedia.org/wiki/Правопис_на_македонскиот_јазик
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
Today we create the legacy of tomorrow.
More information about the Ossm-members
mailing list