[Ossm-members] Неколку важни работи за СподелиКино и предлог за идната недела

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Fri Feb 1 12:18:11 UTC 2008


Петок е.
Последен ден за одлука што ќе иде на СподелиКино.
Јас би сакала заедно да одлучуваме и да се придружуваат се повеќе и
повеќе луѓе и СподелиКино да стане вистинско споделување.

Затоа, како примерок, мислам дека за почеток најсоодветна е листава,
па понатаму преку блоговите да се рашири идејата и да ја пренесеме
визијата за слоодната култура на што повеќе луѓе.

Јас малку закаснив со дизајнот на блогот, но сакам да е супер.
Стојанче отвори акаунт на твитер кој ќе може да се следи од повеќе
луѓе, плус би ставиле фидови од твитерот на блоовите за да се прошири
на повеќе места.

На блогот ќе се стави и мапа за тоа кај се наоѓа Точка, оти луѓето
тешко ја наоѓаат.

Е сеа, за проекциите, исто мислам дека малку повеќе треба да се
прошируваат темите, а не да се задржуваме на ектстра гиковски топици
кои се интересни само за малкумина. Поентата е да се прошири идејата и
концептот на слободната култура и слободниот софтвер. Непознатото е
правопропорционално со неинтересноста. Ако темите се неинтересни,
идејата нема да се прошири. Ако идејата не се прошири нема да може да
се зборува за слободна култура, туку тесна субкултура.

Значи уште од сега, предлагам тука на листа да се дискутира за
следните поекции на сподели кино. Да се даваат предлози и заеднички да
се одлучува кој е најдобар. Не велам да не се стваат предлози на
викито, тоа би продолжило, но мислам дека тука е подиректно и преку
комуникација и дискусија полесно и заеднички ќе дојдеме до заедничкото
решение.

Башка, убаво би било да се предложи начин на кој би ја пренесле
идејата за слободниот софтвер до луѓето кои ќе се појават за прв пат
на филм, и не знаат ништо за тоа. Дали флаери, интро, дискусија по
филмот, некакво образложение пред филмот или делење на цедеа и сл.

Што се однесува до следното Сподели Кино во среда 13 февруари, бидејќи
беше планиран уште претходната година,  да го пуштаме филмот за
Вилијам Гибсон. No Maps For These Territories.

Инсерт од филмот: http://www.youtube.com/watch?v=aNs9iznzOj8

Проектор се понуди да донесе Дарко, треба некој да се пријави за лаптоп.

Доколку се сложувате, и на никој не му смета, да почнеме со
рекламирање на настанот.

 Пожелни се предлози:
- За филмови за идните недели
- За начинот на поголема промоција на слободен софтвер за време на
Сподели Кино настаните
- за нови начини на промовирање и рекламирање на самиот настан
- ако некој има идеја и желба, може да испрати и предлог лого или
хедер за блогот на Сподели Кино.

Заедно сме посилни!

 \(*-*)/ \(^-^)/ \(^o^)/ \(^_^)/ \(*o*)/ \(^-^)/

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list