[Ossm-members] nsnd Битола , пролет 2008
Aleksandar Balalovski
gemidjy at lugola.net
Sun Feb 3 22:43:58 UTC 2008
On Saturday 02 February 2008 19:53:37 Igor Stamatovski wrote:
> Па сите ќе ја попуниме.
Сметам дека оваа порака која ја испратив денес на NSND листата дава мало
објаснување зошто сакам да се организира ваков настан во Битола и да му се
даде поголем акцент, ќе ја преведам за да не делува патетично :)
„Во Битола моментално нема хакерска култура воопшто. Имаме ЛУГ кој повеќе и не
е тоа што треба да е, затоа што според мене ја има остварено својата цел, па
единствена мотивација за моменталните корисници на слободен софтвер во/од
нашиот град можеби би било запознавање со искусни хакери од светот. Не мислам
дека од ехYu нема доволно хакери, ги има, и мислам дека сега е правиот момент
да оствариме добар настан во овој дел од светот, па така и оние кои мислат
дека се вистински професионалци кај нас, а не се ни Х од Хакери запознаат
некој кој би им ја доловил разликата помеѓу хакер и програмер и начинот на
кој програмерот може да биде хакер, а можеби и како хакерот може да биде
хакер а да нема врска со технологијата.
Се трудиме да го оствариме како идеја за собирање на хакерите од бивша ЈУ, а
идејата да повикаме гости од другите земји беше/е само идеја“.
Па така, дотогаш, се додека оние кои го поседуваат знаењето не почнат да го
споделуваат со другите, нема да има зачеток на хакерска култура во Битола и
Пелагониско :) затоа можеби е попаметно да се делува преку 2С.мк и во овој
дел од земјава пошто барем така ќе има јадро посериозни луѓе со кои може да
се работи. Знам, truth hurts, али ако размислиме реално така е (ова се
однесува најмногу на членовите на Лугола). Зошто мислам дека Лугола ја
оствари целта? Мислев на огласување на важноста на слободниот софтвер и
створање група на корисници кои ќе може да им помогнат на другите во иднина
па макар и Лугола не би постоела. Не е битно да постои група која само е
група без членови, потребни се вистински луѓе кои треба да земат пример од
успешните примери од светот. Затоа е многу битно да се запознаеме со други од
светот. Е тогаш мислам дека ќе видиме како стојат работите.
--
http://www.gemidjy.info || http://wiki.lugola.net
Member of Lugola, FSF (no.6023),
BinaryFreedom.info, IFSA
GnuPG: 9C1CC804
-------------- next part --------------
A non-text attachment was scrubbed...
Name: signature.asc
Type: application/pgp-signature
Size: 197 bytes
Desc: This is a digitally signed message part.
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20080203/d6e8e545/attachment.pgp>
More information about the Ossm-members
mailing list