[Ossm-members] Препрати: Document Freedom Day

Дамјан Георгиевски penguinista at mail.net.mk
Fri Feb 29 13:27:16 UTC 2008


> Стварно не ми е јасно што е data lock-in  и vendor lock-in. А уопште текст
> кој што вика дека сеуште се контроверзни дефинициите за Open standards не
> ми е јасно зашто го објавуваш на јавна група.

vendor lock-in е поим од економија, што ја опишува ситуацијата кога купувачот 
е приморан да користи услуги или купува производи само од еден производител, 
најчесто поради голема цена на префрлување на друг производител.

Преку примери е полесно,
1) пред компјутерите да се стандардизираат на PC-ја секој произведувач си имал 
свој систем, па на пр. ако си сакал да го надградиш компјутерот со нов 
поголем харддиск си морал директно од него да го купуваш. слично со било кој 
друг дел од компјутерскиот систем (на времето и терминали и принтери и сл.).

Револуцијата на PC-то е дека биле стандардизирани разни интерфејси во кои 
различни vendor-и можеле да се уштекаат. Па така купуваш PC од Dell, а ставаш 
графичка од Gigabyte, звучна од Creative итн.

2) профи фотоапаратите имаат менливи објективи, но начинот на поврзување на 
објективот со телото на апаратот е патентиран што создава бариера за креирање 
компатибилни објективи. Тоа значи, ако си купил Nikon апарат мораш да купиш и 
Nikon објектив иако можеби од порано имаш Canon објектив што ти врши работа.

и миљон други примери во сите индустрии, автомобилска итн.

data lock-in е конкретен пример како тоа се прави во софтверската индустрија. 
котистиш одреден програм кој податоците кои ти ги внесуваш/користиш ги 
складира во затворен формат. Ако утре сакаш да го смениш програмот (да 
инсталираш поефтин, побрз, подобар програм) нема да можеш ако и новиот 
програм не го подржува истиот формат на податоци. Ќе мора да ги внесеш сите 
податоци од почеток (што во некои случаи и не е можно). 

Ако форматот на податоците е затворен/недокументиран/правно заштитен(најнова 
стратегија) практично си сигурен дека зависиш од само еден vendor за било кои 
твои потреби во врска со тие податоци.


vendor lock-in како појава се смета за штетна бидејќи ја намалува 
конкуренцијата т.е. ја зголемува цената за влегување на некој пазар на 
конкуренти... така да најчесто и се регулира или санкционираат таквите 
појави.



-- 
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа



More information about the Ossm-members mailing list