[Ossm-members] суспензија за убунту?

Aleksandar Josifoski josifoski at gmail.com
Sun Jan 6 16:04:19 UTC 2008


Aleksandar D. Balalovski wrote:
> On Sunday 06 January 2008 13:32:46 Arangel Angov wrote:
>   
>> Те молам пиши ни кога ќе ја прочиташ поракава
>>     
:-) Хух фала за подршката, вака, јас сум дотичниот професор...
Значи вака не сакам за ова ништо да се превземе, бидејќи сепак ме 
вратија послем некои месец дена на работа. Што направив, инсталирав 
исклучиво убунту на школските компјутери но тоа не е единствениот 
„грев“, пропагирав некои западни вредности, да се ценат авторски права, 
да се цени времето на луѓето по час а не социјалистички по месец. 
Учениците од прва имаа задача да нарачаат убунту и тоа добро пројде, но 
јас имав планови што е можно повеќе да го внесам западниот начин на 
воспитување во школството (каде се ценат авторски права, интелектуална 
сопственост) што и ме донесе до светот на слободниот софтвер кој го 
засакав и дома исклучиво го користам.
Слободниот софтвер отворено застапувам и верувам е лек за пиратеријата 
која е рак рана на нашето социјалистичко општество кое и дозволило таа 
да се појави.
Но имам уште една потенцијална „грешка“, во 2-3 часа со учениците од 
4.та година си дозволив и да ја промовирам идејата нашата земја да биде 
насочена кон Соединетите Држави а не кон ЕУ, поточно да бидеме 53 
нејзина Сојузна држава. Знам дека ова може да не звучи разумно, ама 
бидејќи мислам и дека сум христијанин имам и некои причини зошто тоа го 
изнесов.
Не сум сигурен кој е заслужен за мојата суспензија, можеби и не е дир. 
крива туку и е наредено од некој повисоко, не сакам да претпоставувам, 
но ќе ве замолам ништо да не биде превземано бидејќи ми ја укинаа и сега 
што ќе се случи ќе видиме бидејќи послем распустот (до 21јан) ќе се знае 
поточно што-како.

Во секој случај во право сте и донекаде што вака реагирате, на нашето 
општество му треба слободен софтвер како вода на човек во пустина што му 
треба, бидејќи овде за пиратеријата нема друго решение. Мојата „грешка “ 
во гимназијата беше што инсталирав линукс, кој е бесплатен и учи на 
прави вредности, а пиратските програми ги избришав бидејќи не сакам 
учениците да се учат на погрешни вредности...
Ви благодарам за подршката, така стојат работите..
пс. интересно, некој ден послем настанот, се појави во списанието време 
информацијата дека во Македонија ќе се инсталираат како беше околу 
200.000компјутери над linux edubuntu, па оставам простор дека некои 
„повисоки служби“ го анализирале тоа што се случи таму и така реагирале 
:) што би ме радувало, бидејќи како што реков, лек за пиратеријата е 
слободниот софтвер!
(се извинувам за подолгиот текст)



More information about the Ossm-members mailing list