[Ossm-members] суспензија за убунту?
Stojan Dimitrovski
sdimitrovski at gmail.com
Sat Jan 26 16:10:18 UTC 2008
On Sun, 2008-01-06 at 17:04 +0100, Aleksandar Josifoski wrote:
> Aleksandar D. Balalovski wrote:
> > On Sunday 06 January 2008 13:32:46 Arangel Angov wrote:
> >
> >> Те молам пиши ни кога ќе ја прочиташ поракава
> >>
> :-) Хух фала за подршката, вака, јас сум дотичниот професор...
> Значи вака не сакам за ова ништо да се превземе, бидејќи сепак ме
> вратија послем некои месец дена на работа. Што направив, инсталирав
> исклучиво убунту на школските компјутери но тоа не е единствениот
> „грев“, пропагирав некои западни вредности, да се ценат авторски права,
> да се цени времето на луѓето по час а не социјалистички по месец.
> Учениците од прва имаа задача да нарачаат убунту и тоа добро пројде, но
> јас имав планови што е можно повеќе да го внесам западниот начин на
> воспитување во школството (каде се ценат авторски права, интелектуална
> сопственост) што и ме донесе до светот на слободниот софтвер кој го
> засакав и дома исклучиво го користам.
> Слободниот софтвер отворено застапувам и верувам е лек за пиратеријата
> која е рак рана на нашето социјалистичко општество кое и дозволило таа
> да се појави.
> Но имам уште една потенцијална „грешка“, во 2-3 часа со учениците од
> 4.та година си дозволив и да ја промовирам идејата нашата земја да биде
> насочена кон Соединетите Држави а не кон ЕУ, поточно да бидеме 53
> нејзина Сојузна држава. Знам дека ова може да не звучи разумно, ама
> бидејќи мислам и дека сум христијанин имам и некои причини зошто тоа го
> изнесов.
> Не сум сигурен кој е заслужен за мојата суспензија, можеби и не е дир.
> крива туку и е наредено од некој повисоко, не сакам да претпоставувам,
> но ќе ве замолам ништо да не биде превземано бидејќи ми ја укинаа и сега
> што ќе се случи ќе видиме бидејќи послем распустот (до 21јан) ќе се знае
> поточно што-како.
>
> Во секој случај во право сте и донекаде што вака реагирате, на нашето
> општество му треба слободен софтвер како вода на човек во пустина што му
> треба, бидејќи овде за пиратеријата нема друго решение. Мојата „грешка “
> во гимназијата беше што инсталирав линукс, кој е бесплатен и учи на
> прави вредности, а пиратските програми ги избришав бидејќи не сакам
> учениците да се учат на погрешни вредности...
> Ви благодарам за подршката, така стојат работите..
> пс. интересно, некој ден послем настанот, се појави во списанието време
> информацијата дека во Македонија ќе се инсталираат како беше околу
> 200.000компјутери над linux edubuntu, па оставам простор дека некои
> „повисоки служби“ го анализирале тоа што се случи таму и така реагирале
> :) што би ме радувало, бидејќи како што реков, лек за пиратеријата е
> слободниот софтвер!
> (се извинувам за подолгиот текст)
Еве што се случувало на тој час:
http://youtube.com/watch?v=5fwMh_2mjMk
--
Stojan Dimitrovski
Web: http://stojance.lugola.net/
Mail: sdimitrovski at gmail.com
-------------- next part --------------
A non-text attachment was scrubbed...
Name: signature.asc
Type: application/pgp-signature
Size: 189 bytes
Desc: This is a digitally signed message part
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20080126/85d7604a/attachment.pgp>
More information about the Ossm-members
mailing list