[Ossm-members] Отворената средба за програмата на 2с.мк заврши..

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Fri Jan 11 00:14:16 UTC 2008


Денес во КЦ Точка од 18 до 20 часот Слободен софтвер Македонија ја
презентираше нацрт програмата
за 2008 година на заитересираната јавност.

По прегледот продолживме со дополнување и проширување на активонстите со
неколку предлози кои ако има кој да застане зад нив ќе влезат и во
самата програма.

На состанокот од членови на 2с.мк беа присутни Новица и Игор,
додека од придружните членови присутни беа Би и Чомбе.

Размислувањата се движеа околу анимирање на помладата претежно средношколска
публика, можебе пренесување на концептите на заедница на корисници на
слободен софтвер,
оддржување на летен хакерски камп, да се изнајде начин да се допре и
да се енергизираат средношколците
околу идејата за слободен софтвер преку надминување на генерацискиот јаз.

Одржување на натпревар за цртање или пишување за најдобар цртеж или
расказ, поема на тема слободен
софтвер, заедница околу слободен софтвер, графити арт, некоја
натпревар за најзабележителна интервенција
во просторот на тема слободен софтвер. Овај настан би бил спонзориран
од компанија која работи со
интернет, или напредни технологии а би бил увертира во настанот
одбележување на денот на слободен софтвер.
Би се одржал во мај или јуни а победниците ќе се прогласат во
септември, спонзорт треба да се погрижи да има солидни
награди за ученсиците.

Се дискутираше за изработка на налепници и малку герила маркетинг на
СЗ/СК, поместување во среда на СК, и
воведување на чланарина за членовите на 2с.мк за да може да се
финансираат тековните активности.

Сите овие точки во секој случај ќе се разгледаат на собранието на
19.01.2008, и ќе видме колку ќе влезат во
нацрт програмата, исто така беше забележано дека треба сериозно да се
размисли за форматот на конференцијата
за слободен софтвер.



Поздрав до 19.01.2008.

Се надевам дека на собранието на 19.01.2008 ќе бидат присутни
кандидатите за членови во 2с.мк, барем они што ќе бидат во
Скопје на тој датум.


-- 
Игор


More information about the Ossm-members mailing list