[Ossm-members] Отворената средба за програмата на 2с.мк заврши..

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Fri Jan 11 13:55:58 UTC 2008


On 1/11/08, Igor Stamatovski <igor.stamatovski at gmail.com> wrote:

> Размислувањата се движеа околу анимирање на помладата претежно средношколска
> публика, можебе пренесување на концептите на заедница на корисници на
> слободен софтвер,

За приближување на слободниот софтвер кон младите пред се треба да се
работи на имиџот.
Треба да се знае дек СС е кул. Дека популарните и трендсетерите го користат.
Дека не само што е добар и корисен, туку нуди повеќе можности и сл.

> оддржување на летен хакерски камп, да се изнајде начин да се допре и
> да се енергизираат средношколците
> околу идејата за слободен софтвер преку надминување на генерацискиот јаз.

За ова со кампот, колку повеќе размислувам толку поостварливо ми изгледа.
Денес во мк се помодерно е да се посетуват некакви кампови, курсеви, школи и сл.
Младите родители сакаат да се фалат дека нивните децаги бива за свашта и т.н.
Мислам дека на оваа тема мора веднаш да почне да се работи.

- Да се размислува околу темата околу која би се движела програмата на школата.
- Да се направи план како материјалот да се пренесува и каков тип на
предавачи се потребни.
- Да се побараат луѓе од Охрид кои би се заинтересирале околу
сместувањето и обезбедувањето со компјутери. - ова второто е особено
важно - треба да се исконтактира со школи или невладини организации
или секој кој ќе ви падне на памет а може да помогне.
- Може да се побара поддршка од надлежни институции за завршувањето на
школата некако да се сертифицира.

За ова не се потребни ни многу спонзори, мислам декадоколку би се
организирало добро плаќањето од страна на заинтересираните не би било
проблем.

> Одржување на натпревар за цртање или пишување за најдобар цртеж или
> расказ, поема на тема слободен
> софтвер, заедница околу слободен софтвер, графити арт, некоја
> натпревар за најзабележителна интервенција
> во просторот на тема слободен софтвер. Овај настан би бил спонзориран
> од компанија која работи со интернет, или напредни технологии а би бил увертира во настанот одбележување на денот на слободен софтвер.

Во врска со ова, супер би било и конкурс за најдобар софтвер (слободен
се разбира).
Може и поспецифична тема  да се смисли, а за таков настан сигурно би
се собрале спонзори од компјутерски фирми
или дури од влада стипендија или слично. Сеа може малку претерувам, но
за да се стигне до идеална солуција мора на почеток да се отиде малку
предалеку :)


> Се дискутираше за изработка на налепници и малку герила маркетинг на
> СЗ/СК,

За ова додатно муабетевме дека за зголемување на буџетот на
организацијата може да се продаваат честитки, маички, налепници и
слични тракатанци, па дури и ветер и магла на интеренет, за полесно да
може да се изврши донација од заинтересираните а при тоа да не биде
тоа само еднонасочно туку да добие некаков сувенир.
Значи продажбата на тракатанци би била само поедноставно спроведување
на донации од страна на заинтересираните, така што секој ќе може да
избере колку би платил за соодветниот ајтем, со претходно определене
минимална сума која е за изработка и шипмент.

>поместување во среда на СК,
+1


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list