[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Tue Jul 22 20:31:43 UTC 2008


2008/7/22 Arangel Angov <ufo at linux.net.mk>:
>> И за крај, преводите може секој да си ги симне од официјалните сајтови на
>> проектите. Како да не им ги даваат преводите? Не сфаќам...единствено, може да
>> се испрати официјално писмо до координаторите за локализација на поединечните
>> проекти да се известат за целата ситуација (тоа да го стори секој локален
>> координатор за локализација) и да им се каже дека за скоро може да очекуваат
>> осакатени преводи кои ќе ги испраќаат „тендерашите".
>

Има ли програми во тендерот кои треба да се преведат, а за кои немаме веќе
преведена верзија? Таму треба да се реагира, за остатокот верувам дека
координаторите ќе си збркаат работа.

> Кој сака може да преведува, но тоа не значи дека и кој сака може да ги
> става преводите во upstream во проектите. Што значи они можат да си
> преведат што сакаат, преводот може да им остане кај нив на компјутер и
> тоа е тоа, ништо не напраиле за проектите за кои што преведуваат.

Така е, но ако ги исконтактираат координаторите за локализација на одреден
софтвер и ако не се реагира на време отиде работата. Со оглед на тоа дека
во прв план им се парите, а не доброто на заедницата, не верувам дека ќе
одат толку далеку, но останува да видиме.

@Балало: Не скокај ко мало дете и сам знаеш дека без такви драјвери нема
да ни работат графичките и безжичните мрежни картички. Дистрибуциите доаѓаат
чисти, а што ќе ставиш ти после, тоа е твоја работа. Наместо да не фарбаш нас,
оди плачи им на NVidia и Broadcom :P

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list