[Ossm-members] нови моменти во врска со тендерот на ПЕП

Новица Наков novica at bagra.org
Thu Jul 31 17:41:37 UTC 2008


па, вака.

денес на состанокот од листава беа пристуни јас, миша поповиќ, божидар 
проески, владимир стефанов и зоран димовски. од другата страна климент 
симончев и неколку негови вработени, петар николовски и небојша (не го 
запаметив презимето) од пеп.

неколку работи треба да се истакнат од оваа средба:

1. од тендерот се исклучени firefox, oo.o во целост и gui-то на gimp. ова 
значи дека трите најголеми проекти кои ги сработил поширок круг на луѓе не се 
предмет на работата на изведувачот. одлуката за ова според информациите кои 
ги добивме ја донеле мин. за образование и наука и за информатичко општество, 
бидејќи ги сметале преводите што постојат за доволно добри. од сите три значи 
само документацијата за gimp ќе биде предмет на работа. не знам дали од 
страна на pep/usaid ќе има официјална објава на нивниот сајт или како, но ова 
се официјалните информации кои ги добивме од петар николовски од пеп.

2. и покрај разговорите на слободен софтвер македонија со пеп пред да биде 
одлучен изведувачот, на кои се договараше обврска за изведувачот да 
соработува со постоечките тимови, вклучително и горните 3 - бидејќи тогаш не 
се знаеше дека истите ќе бидат исклучени, таква обврска денес не постои. 

3. на крај сепак беше договорено да изведувачот испрати допис до слободен 
софтвер македонија, кој потоа ќе биде доставен до сите заинтересирани, во кој 
допис ќе каже на каков начин заинтересираните лица или групи ќе можат да 
учествуваат во овој проект. ова не произлегува од никаква обврска, туку од 
желбата на генреп да го стори тоа. штом ќе го добијам тој допис, веднаш ќе го 
проследам до било кој што би бил заинтересиран. прелимирарно може и тука да 
се пријавуваат луѓе.

тоа отприлика би биле highlights-ите на состанокот.

миша водеше записник може ќе допише нешто ако сум утнал, а и климент може да 
ме поправи ако има потреба.

во врска со целата оваа работа веројатно е дека слободен софтвер македонија ќе 
излезе со свое мислење во јавноста, но за тоа во некоја друга порака.

на крај, апелирам дискусиите во врска со ова да продолжат со избегнување на 
flame wars.


-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/Вечна_TO-DO_листа
http://wiki.lugola.net/Бонтон_за_ossm-members
http://wiki.lugola.net/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија
Важно: http://bugs.softver.org.mk/index.php?tasks=all&project=7 !



More information about the Ossm-members mailing list