[Ossm-members] текст за медиуми

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Fri Oct 3 00:37:25 UTC 2008


*Чекам одобрување, или коментари, па ако чини да го пуштам*


Ден на слободен софтвер Македонија 2008 - Споделување и дружење меѓу
гиковите и уметниците.

Ве известуваме дека оваа година заедницата на слободен софтвер во
Македонија го прославува денот на софтверската слобода на 4-ти
Октомври - сабота, на плоштадот Македонија и во културниот центар
Точка.  Овој пат, за да им ја приближиме на луѓето идејата за
слободата во значењето на слободниот софтвер, решивме да невлеземе и
во пределите на развивањето на слобоната култура и општество.

За таа цел во нашата прослава внесовме три аспекти:
- Споделување на знаење поврзано со слободното стварање на добра, како
што е слободниот софтвер - од 12 часот во Културниот центар Точка
луѓето од заедницата слободно ќе разменуваат знаења со сите
заинтересирани посетители.
- Створање на заедничко уметничко дело - од 14 часот неколку урбани
уметници ќе сликаат графити на 10 метарско платно на плоштадот
Македонија. Колаборативното креирање на уметничко дело е само еден
аспект од прикажување на суштината на слободната култура.
- Споделување слободен софтвер - од 12 во Точка, а од 14 и на плоштад,
на заинтересираните минувачи ќе им подарување оперативен систем Ubuntu
SFD08 на македонски, подготвен колаборативно и специјално за денот на
слободен софтвер. Тој ги вклучува сите дополнителни алатки за нормално
функционирање на еден домашен компјутер, слободни програми кои можат
да се користат и на други оперативни системи, галерии од уметниците
кои ќе сликаат графити и бонус два дела од филмот „Укради го овој
филм".

Една од пораките, кои заедницата сака да ги испрати на овој ден, е
повикот до владата повеќе да се активира во остварувањето на проектот
„компјутер за секое дете", кој беше со воодушевување забележан од
светската јавност, со тоа што ќе овозможи соодветна обука на
професорите по училиштата за владеење на генијалниот оперативен систем
направен само за учење - Edubuntu. Би било голема штета овој проект да
пропадне, пред сѐ поради неговато значење во градењето на еден здрав
школски ситем во здраво слободно општество.


Ве покануваме да дојдете и да се придружите на нашата прослава на
софтверската слобода, залагајќи се за слобода, соработка, еднаквост и
заеднички развој.

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list