[Ossm-members] текст за медиуми

Misa Popovic popmisa at gmail.com
Fri Oct 3 07:53:38 UTC 2008


Еве ја верзијата која што треба да се прати до новинарите. Атачирајте го фајлот:

http://kiberkotle.net/uploads/sfd-izvestuvanje-do-mediumi.pdf

<содржина>

Известување до медиумите

Ден на слободен софтвер 2008 Македонија - Споделување и дружење
Ве известуваме дека оваа година заедницата на слободен софтвер во
Македонија го прославува денот на софтверската слобода на 4-ти
октомври 2008 - сабота, на плоштадот Македонија и во културниот центар
Точка. Овој пат, за да им ја приближиме на луѓето идејата за слободата
во значењето на слободниот софтвер, решивме да невлеземе и во
пределите на развивањето на слобоната култура и општество.

За таа цел во нашата прослава внесовме три аспекти:
1.Споделување на знаење поврзано со слободното стварање на добра, како
што е слободниот софтвер - од 12 часот во Културниот центар Точка
луѓето од заедницата слободно ќе разменуваат знаења со сите
заинтересирани посетители.
2.Творење на заедничко уметничко дело - од 14 часот неколку урбани
уметници ќе сликаат графити на 10 метарско платно на плоштадот
Македонија. Здруженото креирање на уметничко дело е само еден аспект
од прикажување на суштината на слободната култура.
3.Споделување слободен софтвер - од 12 во Точка, а од 14 и на плоштад,
на заинтересираните минувачи ќе им подарување оперативен систем Ubuntu
SFD08 на македонски, подготвен колаборативно и специјално за денот на
слободен софтвер. Тој ги вклучува сите дополнителни алатки за нормално
функционирање на еден домашен компјутер, слободни програми кои можат
да се користат и на други оперативни системи, галерии од уметниците
кои ќе сликаат графити и бонус два дела од филмот „Укради го овој
филм".

Ве покануваме да дојдете и да се придружите на нашата прослава на
софтверската слобода, залагајќи се за слобода, соработка, еднаквост и
заеднички развој.


</содржина>

-- 
Misa Popovik


More information about the Ossm-members mailing list