[Ossm-members] Кирилица во TeX
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Thu Sep 4 13:31:00 UTC 2008
Сите го знаеме проблемот со italic македонската кирилица нели [1].
Деновиве имав малце време да подистражам како се однесува TeX системот по ова
прашање и открив дека работи многу фино, со мало подесување. Еве еден
наједноставен TeX документ:
\documentclass{article}
\usepackage{fontspec}
\usepackage{xunicode}
\begin{document}
\fontspec[Script=Cyrillic,Language=Macedonian]{DejaVu Serif}
\itshape
Кирилица ѐ ѝ б в г д ж з п т
\end{document}
ако од него генерирам PDF со командата „xelatex italic.tex“ сѐ си се покажува
како што треба.
Забелешка: ја користам texlive дистрибуцијата на TeX која во себе ја содржи и
xetex варијантата. Xеtex е TeX со подршка за OpenType фонтови кој меѓу другото
ја подржува и locl опцијата во OpenType фонтовите. Би требало да го има и на
Ubuntu.
[1] http://damjan.softver.org.mk/italic/
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
Give me the knowledge to change the code I do not accept, the wisdom not to
accept the code I cannot change, and the freedom to choose my preference.
More information about the Ossm-members
mailing list