[Ossm-members] Септемвриски конгрес :) Лугола

Aleksandar D. Balalovski gemidjy at lugola.net
Sat Sep 6 16:19:06 UTC 2008


Барам да се распушти парламентот :)
Пошто ситуацијата е тапа во нашата заедница, имам еден предлог. Лугола кога би држела редовни состаноци тогаш ќе треба да се бериме 5 души од кои само јас и Павле би биле над 20г. Немам ништо против помалите нормално, убаво е да се има млади корисници на GNU/Linux, но има 2 работи кои ми сметаат. Состаноците често се претвораа во игротеки и „ај ти седи, ај ти престани“ и несериозниот пристап на помалите. Јеби га, има дузина корисници/членови кои од почетокот доаѓаа па потоа откако помина „меракот“ од такво не не удираат. Од друга страна пак нема потреба официјално да прогласиме дека Лугола е мртва. Додека има барем 1 шо сака да ја коориднира работата, засега има, ќе постои како псеудо организација. Сепак, мора некако да се сменат работите. Мојата идеја е, сајтот на Лугола да се организира слично на претходниот со инсталиран Друпал и сл. значи статички содржини И времено ажурирање со информации кои би биле од интерес за корисниците на GNU/Linux. Значи не само за Лугола, можеби и колумни, мислења, линкање до интересни содржини итн. Да се даде повеќе можеби социјален карактер на Лугола како постоење. Со тоа ќе се продолжи активизмот во корист на слободниот софтвер и ќе им се помага на тие на кои им треба помош, а сепак нема да зависиме, ние шо сме останати посериозни, од другите периодни членови. Практично нема да има членување повеќе.

Би било фино ако се организира хаклаб во Битола, сум размислувал за тоа, тоа и тоа како ќе привлечи луѓе. Меѓутоа моите планови засега не дозволуваат такво нешто да превземам. Ако некој сака да го реализира, нека ме контактира имам конкретен предлог за можно решение за отворање на хаклаб во Битола.

Како новитет во новото функционирање на Лугола би дошло мало освежување преку издавање на ezine со содржини кои ќе ги пишуваат сите кои сакаат, во краен случај ако нема никој, јас ќе ги пишам. Варијанта е да се побара од луѓето со кои имаме контакти од сербија, кроација итн. да напишат одредени содржини по потреба, како на пример идејата на Марко од Белград за организирање на движење за правата на гиковите :) [долга приказна] Зинот ќе има име, партизански ковер (значи random, прост) итн.

Планирам да седнам да работам врз содржините на Викито, поминаа 3 години од постоењето, а имаме 300 содржини кои и не се баш така ажурирани. Тотален ремонт.

Ок, сега кај 9 денес (сабота) одиме на лаф-маубет во Интермецо, јас, Јован и Павле. Ако сака некој да дојде од Битола, нека повели, ќе дискутираме околу ова.

Поздрав, 
ве сакам, цуциња мои






-- 
http://blog.gemidjy.info || http://wiki.lugola.net
Member of Lugola, FSF (no.6023), IFSA
GnuPG: 754AC43D

I'm an FSF member -- Help us support software freedom!
http://www.fsf.org/jf?referrer=6023



More information about the Ossm-members mailing list